На 10.12.2025 во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Делчево приведоа 16-годишник и А.М.(27), двајцата од Македонска Каменица.
При преземање службени дејствија, полициските службеници ги затекнале лицата на место викано „Горен водопад“ на река Каменичка во Македонска Каменица, при што малолетникот фрлил кеса и се обидел да побегне, но бил спречен и приведен.
Притоа , на местото се пронајдени и одземени кеса со марихуана, дигитална вага и дробилка. Подоцна, со судска наредба, во присуство на неговиот татко, извршен е и претрес во домот на малолетникот, при што тој доброволно предал пакување со два цвета од растението канабис.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Ајкула усмрти пливач на 50 метри од брегот – Хорор на плажа во Австралија
- Средба Савески – Ѓорѓиевски: Обвинителите и адвокатите на иста страна за човековите права, борба против корупцијата и доверба во правосудството
- Литванија откри 12 тунели долж границата со Белорусија, тензиите растат во источна Европа
- Серафимовски ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“: Грижата за пчелите е грижа за иднината на земјоделството
- Подгответе се за вистинска есен – температурите ќе опаднат за неколку степени
- (ВИДЕО) Брза реакција на полицијата: Казнет возачот кој со автомобил се движел по пешачка патека покрај реката Вардар
- Полициска интервенција во скопски Аеродром: Уапсен маж по тепачка во казино и напад врз службени лица
- Одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на повторно одлучување во Апелација

