Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски порача повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром– Различноста не нè дели, туку нè обединува

    23.03.2026 во 13:30

    Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно

    23.03.2026 во 13:16

    Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел

    23.03.2026 во 13:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски порача повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром– Различноста не нè дели, туку нè обединува
    • Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно
    • Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел
    • ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата
    • Кузеска: Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери – дали се загрозува финансиската стабилност
    • ФОТО: Цената на нафтата „потона“ по изјавата на Трамп
    • Драма на гранците: Полицијата ги забрани протестите, транспортерите успеаја да го блокираат само „Свилај“
    • Трамп ги одложи воените удари врз Иран: Наредив 5-дневна пауза, имаме продуктивни преговори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО+ВИДЕО) Лефков: Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија, тој е единствен актуелен политичар кој сакал да донесе мигранти

    (ФОТО+ВИДЕО) Лефков: Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија, тој е единствен актуелен политичар кој сакал да донесе мигранти

    11.12.2025 во 11:143 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот криминал. Тој е социопатски случај на лажго и манипулатор, додека штетата од неговото работење ја плаќаат сите граѓани, рече на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Димната завеса за тоа се измислените теми, измислените напади и наводните скандали, рече Лефков.

    „Една таква тема е и темата со наводното населување на мигранти.

    На оваа тема се гледа лицемерието, грдото лице на Филипче и неговото манипулаторство и расипаност во политиката наложено од неговиот ментор Зоран Заев.

    Јасно е дека мигранти нема да има, но Филипче најави протести, измисли декларација и вештачка тема.

    И додека го прави тоа, целата јавност мора да знае дека Венко Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци.

    Значи, единствениот актуелен политичар кој работел на населување мигранти во Македонија е Венко Филипче“, посочи Лефков.

    Лефков нагласи дека Венко Филипче, активно како министер во Владата на Заев, во 2018 година учествувал во носењето План за проект за изградба на прифатен центар за мигранти во Бардовци.


    „Имено, во „Службен весник на Република Македонија“, на ден 26.01.2018 година, број 16, страна 189, точка 1.6, стои, цитирам:

    „Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при МВР на КП бр. 35, запишана во Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.“

    Ова е поминато на Влада и за тоа Венко Филипче гласал со две раце.

    Овие мигранти кои тогаш Филипче сакал да ги прими, се истите тие мигранти кои сега прават проблеми во Европа. Да не беше притисокот од ВМРО-ДПМНЕ тогаш, денес ќе имаше мигранти во Македонија.

    Венко Филипче и СДС имале партиска и државна политика за населување мигранти. И овој документ којшто само што го покажавме, е доказ за тоа.

    Сè додека Филипче е во опозиција, во Македонија мигранти нема да има“, потенцираше Лефков.


    Лефков рече дека ваквото манипулаторство значи дека крадецот вели „држете го крадецот“, кога човек со сомнителни морални особености се претставува како праведен, а нечестен криминалец се претставува како чесен адвокат на правдата.

    „И декларацијата и темата за мигрантски кампови се обиди само за спас на криминалите на Заев и Филипче.

    Тој е единствениот политичар во Македонија кој СДС го спушти на 130 илјади гласови, ја направи петта по големина партија во град Скопје, организира протест на измислена тема и нуди декларација за тема што не постои.

    Му препорачуваме да повика на марш за заштита на зимзелените дрва на Марс. Бидејќи колку што има зимзелени дрва на Марс, толку ќе има и мигранти и тука. Па оттука, нека протестира и за тоа, кога веќе нема друга работа и на ваков расипан, гнасен начин го потценува сопствениот народ.

    Сме виделе низ нашата историја како држава многу работи, но ваков карактер со вакви психолошки тенденции не сме сретнале. На пат е да го надмине сопствениот ментор. Негова цел е да стане поголем Заев од Зоран – ако тоа воопшто е возможно.

    Но, во клиниката на СДС за креирање „заевци“, кои без образ и со низок морал се подготвени сè да направат извршувајќи туѓи агенди и остварувајќи лични интереси, очигледно производството заглавило на истиот модел – Заев 1.0.

    Народот јасно гледа, а членовите на СДС се срамат од овој двоец кој, освен што го има киднапирано СДС, ја контаминира и Македонија.

    Предавничко-криминалниот двоец ќе биде декласиран. А стравот од борбата против корупцијата која доаѓа не можат да го сокријат со измислени теми. Смрди од тука до Софија.

    Бараме да се извини за тоа што ја лажеше јавноста и граѓаните. Сите нивни лаги се распрснаа како меур од сапуница“, вели Лефков.

    Популарно

    Ѓорѓиевски порача повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром– Различноста не нè дели, туку нè обединува

    23.03.2026 во 13:30

    Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно

    23.03.2026 во 13:16

    Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел

    23.03.2026 во 13:06

    ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата

    23.03.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.