Вчера во 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци и полициски службеници од Единица за службени кучиња, со судска наредба извршија претрес во домот и помошни простории на А.К.(33) од село Марена, кавадаречко и во возилото кое го користел.
При претресот во домот се пронајдени и одземени ловечка пушка, куршум за автоматска пушка и три иницијални каписли за индустриски чекан, кои ги поседувал без соодветна документација.
Додека, во возилото е пронајдена и одземена бела грутчеста материја, соопштија од МВР во дневниот билтен.
Со А.К. е извршен службен разговор, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

