Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Американскиот генерал-мајор Грегори Најт ќе добие Орден за воени заслуги од Сиљановска-Давкова

    Американскиот генерал-мајор Грегори Најт ќе добие Орден за воени заслуги од Сиљановска-Давкова

    09.12.2025 во 11:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска на свечена церемонија ќе го одликува командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, со Орден за воени заслуги.

    Како што информираат од Кабинетот на претседателката, одликувањето се доделува за „неговиот особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка“. Оваа соработка резултираше со бројни активности за зајакнување на капацитетите и за зголемување на борбената готовност на Армијата.

    Генерал-мајор Најт е во официјална посета на државата која ќе трае до 11 декември.

    По пречекот со високи воени почести, генералот Најт ќе оствари средби со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, и министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

    Предвидени се средби и со претседателката Сиљановска-Давкова (во својство на врховен командант на Вооружените сили) и со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

    Во рамки на посетата, американскиот командант ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде ќе се сретне со раководството на Академијата.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.