Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Томовски до АКТ СДСМ: Ме клеветите – ќе Ве тижам

    Томовски до АКТ СДСМ: Ме клеветите – ќе Ве тижам

    07.12.2025 во 14:363 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Директорот на служба за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР) Ивица Томовски тврди дека не е сопственик, ниту, пак, е близок со фирмата која денеска ја спомена на прес-конференција СДСМ во рамки на таканаречените „бомби 2.0“ и најави дека ќе ја тужи партијата за клевети.

    – Јас не сум сопственик, не приходувам и немам никаква директна врска со споменатата компанија. Досега не чув каков криминал сум направил, ниту пак видов докази за тоа. Во тоа нивно растурање пердуви, вчера жигосаа уште една домашна компанија која не е моја, а денес јавно го објавија мојот телефонски број – број кој е познат на сите кои ме познаваат, кој го имам со години и кој е единствениот број што го поседувам, доделен пред многу години од мојот татко. На истиот тој број можеа да се јават и да се извинат, но тие одбраа да одиме по судски пат. Затоа уште еднаш повторувам: ќе одговараат, и следува тужба – вели Томовски во објава на Фејсбук.

    Тој е зачуден што СДСМ објавила негов број кој е веќе познат на јавноста.

    – „Јака“ работа завршил антикорупцискиот тим на СДС – го нашле мојот број што сите го знаат и е на мое име вели тој.

    Во одговорот на Фејсбук Томовски вели дека не сфаќа зошто е „криминал“ фирма која не е моја да учествува и победи на тендер, а не беше криминал кога фирмите на Заев, додека тој беше премиер, учествуваа и победуваа на тендери; кога вицепремиерот на неговата влада му гради модуларни болници на министерот за здравство Венко Филипче; и кога владата на премиер од СДСМ на сопствената сопруга ѝ доделуваше земјиште и лиценца за фотоволтаици.

    – Ако ваквото, би рекол ниско и уличарски толкување на политиката е нивниот најсилен адут, убеден сум дека на следните избори партијата на (Зоран) Заев, со Филипче како изведувач, ќе биде и под најслабата бројка што ја добија на последните избори. Знам дека прашањата за честа и моралот нема да ги разберат – тоа тешко им оди. Но ако тие се такви, другите не се. Криминалот нема моќ пред човек со образ и држава со закон. Институциите треба да ја сработат својата работа – вели Томовски.

    Тој додава дека тактиката во која крадецот вели „држете го крадецот“ е стратегија својствена за човек облеан во стравови, морално руиниран и без елементарна почит – барем кон самиот себе.

    – Таквиот прототип на политичар е подготвен, дури и по цена на угледот на сопствените деца и најблиските, да стигне до целта. Од оваа партија два дена повторуваат: „не се извинуваме на криминалци“. Да бидам искрен, знаејќи од каде доаѓа сето ова, и од стравот и фрустрираноста на ваквите „тастатура-политичари“, не ни очекував извинување. Затоа што, за да го направат тоа, е потребно образ, храброст и морален дигнитет – нешто што одамна е докажано дека го нема ниту Заев, ниту неговиот најдобар ученик со најлоши навики – Венко Филипче – вели Томовски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.