Close Menu
Press24
    Најново

    Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат

    13.05.2026 во 23:47

    Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате

    13.05.2026 во 23:24

    Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација

    13.05.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
    • Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
    • Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
    • Филипче: Кој е сега предавник?
    • Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
    • Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
    • Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
    • Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се заборавиле со алкохолот: Уапсени повеќе пијани возачи

    Се заборавиле со алкохолот: Уапсени повеќе пијани возачи

    07.12.2025 во 14:014 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лишени од слобода возачи во Велес, тетовско, Кавадарци, Свети Николе, Прилеп, Куманово и Крива Паланка, затоа што управувале возила под дејство на алкохол

    На 07.12.2025 во 02:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с.Лешок, го лишија од слобода Д.Т.(54) од с.Ратае. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат пунто“, кое Д.Т. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,96 промили алкохол во крвта.

    На 07.12.2025 во 02:40 часот на регионален пат Тетово-с.Волковија, во с.Брвеница, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Н.С.(40) од с.Брвеница. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“, кое Н.С. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,63 промили алкохол во крвта.

    На 07.12.2025 во 04:35 часот, на улица „Коле Неделковски“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Г.С.(40) од Велес. На улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициските службеници му дале знак за запирање на патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Г.С., но тој не го запрел возилото. По преземени мерки, возилото е запрено на улица „Коле Неделковски“ во Велес. Од извршените проверки било констатирано дека Г.С. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,00 промили алкохол во крвта.

    На 07.12.2025 во 03:25 часот, на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Л.М.(26) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен берлинго“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.М., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,18 промили алкохол во крвта.

    На 07.12.2025 во 01:42 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода А.Ј.(28) од Свети Николе. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат леон“ со светиниколски регистерски ознаки, кое го управувал А.Ј., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта.

    На 06.12.2025 на ул. „Кеј 19 Септември” во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Г.В.(52) од Прилеп. При вршење на сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „ланд ровер” со прилепски регистарски ознаки, при што било констатирано дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени биле 1,59 промили алкохол во крвта.

    На 07.12.2025 во 03:00 часот, на булевар “Октомвриска револуција” во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.С.(43) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта. Исто така полициските службеници го привеле и сопатникот Г.М.(44), затоа што агресивно се однесувал кон нив.

    На 07.12.2025 во 02:12 часот, на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода И.Ј ( 29) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека таа е под дејство на алкохол, односно и биле измерени 1,64 промили алкохол во крвта.

    На 07.12.2025 во 02:40 часот, на улицата „Св. Јоаким Осоговски” во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Д.А.(24) од Крива Паланка. При контрола на патниот сообраќај полициските службеници сопреле патничко возило кое тој го управувал и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,06 промили алкохол во крвта.

    По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

    Прочитај повеќе

    Маж тешко повреден при пад од висина во Кочани

    13.05.2026 во 18:34

    Хаос во Скопје: Нападнат полицаец на Бит Пазар и патрола во Кисела Вода, меѓу приведените и малолетник

    13.05.2026 во 16:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.