Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Силната посветеност на Владата за инвестиции и зголемување на конкурентноста на команиите дава резултат, БДП во третиот квартал 3,8%

    Димитриеска-Кочоска: Силната посветеност на Владата за инвестиции и зголемување на конкурентноста на команиите дава резултат, БДП во третиот квартал 3,8%

    05.12.2025 во 14:463 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Растот на БДП во третиот квартал од 2025 година, којшто денеска го објави Државниот завод за статистика, е резултат на она што го работевме напорно во изминатата година и половина, изјави денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

    „Реалниот раст на Бруто-домашниот производ во третиот квартал од 2025 година изнесува 3,8%. Ова претставува дополнително забрзување на економската активност, по растот од 2,9% во првиот и 3,5% во вториот квартал годинава. Притоа, растот од 3,8% е еден од највисоките во последните неколку години. Во споредба со земјите од регионот и од ЕУ, согласно податоците за третиот квартал за 2025 година, Македонија е на трето место по раст на БДП при што повисок раст е забележан во Ирска и Данска.  Доколку споредуваме со земјите од регионот, за третиот квартал од 2025 година,  растот во Србија изнесува 2%, во Црна Гора 3,1%, во Хрватска 2,3%, во Бугарија 3,1%, во Романија 1,2%, итн. Кумулативно, растот во првите три квартали годинава изнесува 3,4%“, потенцира министерката.

    Појасни дека главниот двигател на растот во третото тримесечје се бруто инвестициите, кои се зголемија за исклучително високи 30,6% и претставува едно од најуспешните од кога се мери економската активност на земјата.

    „Податоците за растот на инвестициите“, наведе министерката, „се најдобар показател за високата доверба на инвеститорите во домашната економија. Дополнително, податоците потврдуваат дека силната посветеност на Владата во изминатиот период за инвестиции во нови производни капацитети и зголемување на конкурентноста на компаниите даде исклучително позитивни резултати“.

    Според министерката високиот раст на инвестициите во овој период доаѓа како комбинација на неколку позитивни трендови во економијата, односно придонесот на инвестициската активност на домашните претпријатија, како резултат на високата искористеност и заинтересираност за поволната кредитна линија обезбедена од Владата, потоа силната посветеност на Владата на капиталните инвестиции и оптимизацијата на нивните трошоци, динамика и услови за градба, како и  поддршката на општините за реализација на капитални инвестиции со цел порамномерен регионален развој и унапредување на животот на граѓаните.  Сумарно, ваквиот позитивен тренд кај инвестициите укажува на исправноста на Владините политики, дури и во исклучително предизвикувачки период за глобалната економија“, рече министерката и додаде дека позитивен придонес кон растот имаше и финалната потрошувачка со раст од 1,8%.

    Податоците, како што наведе, покажваат дека раст е забележан во сите сектори, при што особено се истакнува силниот раст во градежништвото од 21%,  особено растот кај нискоградбата, со исклучително високи 58,5%, реален раст каков што во македонската економија не е забележан во последната деценија.

    Ваквиот раст кај градежништвото и нискоградбата, смета минитерката, е во линија со податоците за бруто-инвестициите и претставува дополнителен показател за откочувањето и интензивирањето на капиталните инвестиции во големи инфраструктурни проекти.

    Наведувајќи дека раст покрај градежништвото е забележан и кај услугите 2,9%, информациите и комуникациите од 7,4%; стручните, научните, и техничките дејности  6,1%; трговијата и транспортот 2,6%, индустријата 1,3%, земјоделството од 4,0% и рече дека тоа е поттик за целата Влада да продолжи да работи со уште позасилено темпо со цел  постигнување повисоки стапки на економски раст и повисок животен стандард за граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.