Close Menu
Press24
    Најново

    ДУИ: Дизелот поскапи за повеќе од 20 отсто, следува нов бран на поскапувања

    05.08.2026 во 13:28

    Средба Шасивари – Лосон: Партнерството со Велика Британија е важно за модернизација на правосудството

    05.08.2026 во 13:27

    Србинот кој ќе испаднеше од авион поднесува тужба против три компании, случајот се сели во САД

    05.08.2026 во 13:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДУИ: Дизелот поскапи за повеќе од 20 отсто, следува нов бран на поскапувања
    • Средба Шасивари – Лосон: Партнерството со Велика Британија е важно за модернизација на правосудството
    • Србинот кој ќе испаднеше од авион поднесува тужба против три компании, случајот се сели во САД
    • СДСМ: МНР призна дека има преговори – само што се „тајни“ за гласачите на ВМРО
    • Мицкоски присуствуваше на промоцијата на новиот тркачки болид на Игор Стефановски – Иџе
    • Дрвошанов: Владата ја унапредува енергетската независност преку зелена транзиција
    • Две девојки од Тетово преживеале хорор – морале да скокнат од такси во движење, возачот не ги однел на бараната локација и не запирал
    • Син го замрзнал телото на татко си за да му ја зема пензијата – грозоморен случај го потресе регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Ако Италија се справи со Коза Ностра, Македонија ќе се справи со мафијата на ВМРО-ДПМНЕ

    Филипче: Ако Италија се справи со Коза Ностра, Македонија ќе се справи со мафијата на ВМРО-ДПМНЕ

    05.12.2025 во 11:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Борбата против корупцијата станува најважниот фронт во кој СДСМ продолжува заедно со граѓаните, одлучно и без компромиси“, порача на денешната прес конференција претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче кој најави нов фронт за борба против криминалот на актуелната власт.

    „Ова е нов фронт,  фронт заедно со граѓаните, во борба против корупцијата на оваа криминална и ненародна власт,“ истакна Филипче. 

    Тој најави дека СДСМ ќе побара поддршка и од институциите кои со децении биле симбол на бескомпромисна борба против мафијата, споредувајќи го криминалот на ВМРО-ДПМНЕ со оној на италијанската Коза Ностра. 

    „Ќе поднесеме иницијатива до антикорупциските институции во Италија, кои со години и децении се бореа против најорганизираната европска мафија – Коза Ностра. Кога тие успеаја да се справат со Коза Ностра, можеме и ние во тука да се справиме со мафијата на ВМРО-ДПМНЕ,“ нагласи претседателот на СДСМ.

    Претседателот Филипче порача дека е крајно време да се расчисти со сите корупциски шеми што ја разоруваат државата.

    „Превенцијата не успеа. Корупцијата ескалираше и мора да се истражи сè. Крадењето мора да престане. Секој што крадел ќе одговара,“ додаде тој.

    Претседателот на СДСМ на прес конференцијата најави и нови откритија кои ќе ја разобличат криминалната мрежа на актуелната власт.

    „Ги спремивме новите бомби 2.0. Најавувам дека утре следува нова. Нов скандал, нова корупциска шема поврзана со членови на владејачката гарнитура. За сè имаме докази, имаме документи и ќе ги презентираме пред јавноста,“ изјави Филипче.

    Тој потенцираше дека ова е долга, но неопходна битка, и дека СДСМ нема да застане.

    „Борбата продолжува, почитувани граѓани. Работата не е завршена,“ децидно порача Филипче.

    Прочитај повеќе

    ДУИ: Дизелот поскапи за повеќе од 20 отсто, следува нов бран на поскапувања

    05.08.2026 во 13:28

    Средба Шасивари – Лосон: Партнерството со Велика Британија е важно за модернизација на правосудството

    05.08.2026 во 13:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.