Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче најави нов фронт на СДСМ за борба против корупцијата на власта

    Филипче најави нов фронт на СДСМ за борба против корупцијата на власта

    05.12.2025 во 11:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави нов фронт на СДСМ за борба против корупцијата.Овој фронт како што кажа Филипче, подразбира две крупни иницијативи, кои означуваат нова етапа со борбата со криминалот, корупцијата, криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ.

    Првата иницијатива се однесува на повикот до европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, бидејќи како што кажа Филипче, не може да се има доверба во институциите на власта коишто се се заштитници на криминалот.

    „СДСМ ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, лично да се запознае со малверзациите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и тоа што е веќе јасно ИПАРД програмата во која се загрозени 130 милиони евра“, рече Филипче.

    Втората иницијатива се однесува на формираниот т.н антикорупциски тим на СДСМ кој е во рамките на програмата „Нова сила, а составен од советници, експерти во областа на правото и на финансиите.

    „Антикорупцискиот тим е еден од столбовите на оваа нова програма. Ќе истражуваат скандали, ќе анализираат документи, ќе ги презентира во јавноста, ќе ги разоткриваат сите корупциски шеми на оваа криминална власт. Ќе поднесуваме соодветни пријави до национални и меѓународни институции“, рече Филипче.

    Тој додаде дека ова е новата сила на СДСМ што ќе гради европски вредности во Европска Македонија.

    „Во скоро време ќе објавиме и платформа на која што било кој граѓанин од било каде во државата, од било кое село, град, општина, регион, ќе може да пријавува вакви скандали. Да прикачува документи, да пријави корупција, да достави докази и материјали. И ова е нов фронт, фронт заедно со граѓаните во борба против корупцијата на оваа криминална и ненародна власт“, нагласи  претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.