Close Menu
Press24
    Најново

    Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер

    13.06.2026 во 15:41

    Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје – Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора

    13.06.2026 во 15:22

    По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник

    13.06.2026 во 15:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
    • Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје – Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора
    • По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
    • Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
    • Сиљановска – Давкова: Историјата е дел од нашиот идентитет, не можеме да ја ревидираме на барање на некој друг
    • Брза интервенција спречи трагедија: Маж извлечен од Вардар од очевидец кој видел дека се дави, пренесен е во болница
    • Уапсени двајца охриѓани бидејќи натепале свој сограѓанин
    • 45-годишник заврши зад решетки – полицијата му најде бела прашкаста материја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Докторот кој му продавал „Кетамин“ на Метју Пери, осуден на 2,5 години затвор

    Докторот кој му продавал „Кетамин“ на Метју Пери, осуден на 2,5 години затвор

    04.12.2025 во 23:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Околу две години по смртта на ѕвездата од „Пријатели“, Метју Пери, суд во Калифорнија го осуди Салвадор Пласенсија – еден од неговите лекари, на две и пол години затвор. На осудениот, исто така, му е изречена казна од 5.600 долари, објави „Лос Анџелес тајмс“.

    Инаку, 43-годишниот доктор претходно призна дека го снабдил глумецот со анестетичкиот лек „Кетамин“, изрази каење и се изјасни за виновен. Во замена за неговото признавање, дополнителните обвиненија беа отфрлени. Обвинителите го обвинија лекарот дека неколкупати набавувал од тој медикамент за Пери – меѓу 30 септември и 12 октомври 2023 година.

    Во неколку случаи, се вели, докторот му го инјектирал лекот на Пери. Наводно, тој добил и неколку илјади долари за тоа.

    Сепак, според обвинителите, „Кетаминот“ што на крајот ја предизвикал смртта на Пери, не дошол лично од д-р Пласенсија.

    Пери беше пронајден мртов на 28 октомври 2023 година, на 54-годишна возраст, во џакузито во неговиот дом во Лос Анџелес. Тој стана светски познат преку американската телевизиска серија „Пријатели“, во којашто глумеше заедно со Кортни Кокс, Мет Лебланк, Џенифер Анистон, Лиза Кудроу и Дејвид Швимер.

    Глумецот јавно зборуваше за својата борба со зависноста. Според извештаите, тој бил подложен и на терапија под медицински надзор поради депресија и анксиозност. Исто така, наводно ја набавувал дрогата на црниот пазар. „Кетаминот“ е анестетик и може да се користи, под одредени услови, за лекување депресија отпорна на третман. Некои посетители на забави го користат како нелегална дрога. Според канцеларијата на медицинскиот испитувач на округот Лос Анџелес, Пери починал од акутните ефекти на „Кетаминот“, а за тоа придонело и давењето, срцевите заболувања на глумецот и ефектите од лек за зависност од опиоиди. Неговата смрт беше прогласена за несреќа.

    Полицијата и обвинителите поднесоа сериозни обвиненија против пет лица уапсени по смртта на Пери. Тројца од нив – уште еден лекар, асистент и пријател на актерот се изјаснија за виновни минатата година

    Прочитај повеќе

    Аријана Гранде со барање: Не ја користете мојата песна во вашето видео

    13.06.2026 во 12:09

    Неделен хороскоп: Ракот затвора големо поглавје, Лавот го чека среќа, а еве кој треба да биде претпазлив

    13.06.2026 во 11:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.