Close Menu
Press24
    Најново

    Интерпелација за Цветан Трипуновски во Собрание

    10.06.2026 во 08:08

    Стартува „Училишта на 21 век – Фаза II“

    10.06.2026 во 08:07

    Николоски ќе изврши увид во изградбата на пругата кон Бугарија

    10.06.2026 во 08:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Интерпелација за Цветан Трипуновски во Собрание
    • Стартува „Училишта на 21 век – Фаза II“
    • Николоски ќе изврши увид во изградбата на пругата кон Бугарија
    • Насилството врз жените и семејното насилство на дневен ред во Собранието
    • Крај на учебната година: Учениците на распуст, полуматурантите пред уписи
    • Многу топло, па силно невреме – Од петок уште полош пресврт со времето
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Евзони“ затворен и вечерва

    „Евзони“ затворен и вечерва

    04.12.2025 во 22:08Updated:04.12.2025 во 22:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кусо по 18 часот попладнево по локално време, грчките земјоделци одново го затворија граничниот премин Евзони и веќе речиси четири часа во прекин е сообраќајот за влез и излез од Грција, а поради блокадите, граѓаните кои планираат да патуваат кај јужниот сосед, најдобро е да го користат граничниот премин Дојран, јави дописничката на МИА од Атина.

    Евзони попладнево беше само неколку часа отворен, за да поминат камионите кои чекале за излез од Грција, но и автомобилите заглавени во делот меѓу двете граници.

    Земјоделците од регионот на Пеонија, веќе четврти ден имаат паркирано над 150 трактори на грчката страна од граничниот премин, а денеска пристигнаа дополнителни околу 130 трактори од градот Јаница.

    Според информациите на МИА, грчките цариници ги информирале нивните колеги, автобусите и автомобилите кои стигнуваат на Евзони да ги пренасочуваат кон Дојран.

    Конкретниот граничен премин, засега останува единствениот на кој нема блокади и сообраќајот за влез и излез од Грција се одвива непречено.

    На Ники (Меџитлија) претпладнево стигна конвој трактори и кусо го блокираа сообраќајот за влез и излез од Грција.

    Пракса на земјоделците, како и во изминатите години за време на нивните протести, е да не ги најавуваат блокадите, со оглед на тоа што тракторите и земјоделските возила се паркирани на граничните премини и остануваат таму, а на секојдневни состаноци, надлежните земјоделски комисии одлучуваат кога и на колку време ќе блокираат.

    Оваа пракса веројатно ќе се следи и во следните денови, а земјоделците, барем засега, немаат намера да отстапат.

    Во внатрешноста на Грција, кај месноста Никеа во близина на Лариса има околу 1.800 трактори и затворен автопатот Солун-Атина, кај градот Кардица во блокот учествуваат над 2.000 трактори, а блокада има и на излез од Солун во правец кон Атина.

    На повеќе локации каде што се блокадите, земјоделците поставија и новогодишни елки, што во Грција се толкува како порака дека нема да отстапат и доколку е потребно, празниците ќе ги поминат на улица.

    Грчките земјоделци, протестите ги започнаа во неделата, најавија постепено интензивирање до 5 декември, а засега нема информации до кога ќе траат.

    Прочитај повеќе

    Интерпелација за Цветан Трипуновски во Собрание

    10.06.2026 во 08:08

    Стартува „Училишта на 21 век – Фаза II“

    10.06.2026 во 08:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.