Close Menu
    Најново

    Важно е да ја подигнеме свеста за што е потребна координирана реакција од сите општествени чинители

    04.12.2025 во 20:18

    Уапсена АИ министерката Диела – ја фатиле како прима мито

    04.12.2025 во 19:59

    Густа магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево

    04.12.2025 во 19:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Важно е да ја подигнеме свеста за што е потребна координирана реакција од сите општествени чинители
    • Уапсена АИ министерката Диела – ја фатиле како прима мито
    • Густа магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево
    • По две години пауза: Орце дава пари за инвертер клима уреди
    • Мицкоски: Годинава првпат петтоцифрена бројка на номинален БДП по глава на жител од 10.500 долари
    • Разбиена мрежа – испрала 700 милиони евра преку криптовалути
    • Град Скопје до граѓаните: Исчистете си ги оџаците
    • Teшка сообраќајка кај скопска обилколница – две лица завршија на Клиники
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Важно е да ја подигнеме свеста за што е потребна координирана реакција од сите општествени чинители

    Важно е да ја подигнеме свеста за што е потребна координирана реакција од сите општествени чинители

    04.12.2025 во 20:18
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Денес се одржа панел-дискусија  „16 дена активизам против насилство врз жените и девојките“, во просториите на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, во организација на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. На панелот учествуваа Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Луна Стефаноска, член на ГК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, како и Ѓоко Велковски, заменик министер во Министерството за социјална политика, демографија и млади, а модератор на панелот беше Борис Шамбевски, претседател на ГК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.  Панелистите се осврнаа на важноста за подигање на свеста на темава, одговорно информирање од страна медиумите, како и унапредување на системот за заштита, кој инаку веќе постои. Сите панелисти се согласија дека темата мора да остане во фокусот за да се обезбеди поголема безбедност и поддршка за жените и девојките.

    Митева се осврна на делот за улогата на медиумите, кои според неа, имаат огромно влијание. Како што вели таа, многу жени работат во медиумите, и ги пофали истите за внимателно изнесување на ваквите случаи, но сепак во вакво динамично време, каде секој еден е медиум, време полно со предизвици, невозможно е целосно да се спречат штетните вести. Затоа, според неа, од клучно значење е одговорно известување и свесност за последиците врз јавноста и самите жртви.

    ,,Ова е тема која што е многу широка. Тема на која што длабински треба да навлеземе во дискусиите, да бидеме многу претпазливи и во начинот на кој што ги кажуваме работите, затоа што зборуваме за тема на која некој се соочил со нешто сензитивно, нешто што му е најболно. Меѓутоа, е тема која што не смееме да ја оставиме незборувана. Кога зборуваме за медиумите или оние традиционални медиуми, или портали или се она што значи пишан медиум којшто ги соопштува сите новитети, ние можеме да се соочиме со многу конкретни, навремени, точни информации за насилство кое што се случило, меѓутоа, можеме да се соочиме и со многу некоректни наслови, соопштенија за некој случај, кои што имаат за цел да имаат повеќе кликови или повеќе читање, не мислејќи за ефектот кој што го имаат и луѓето кои што се соочиле, кој што го имаат и младите, дали во тој определен момент кога ќе ја прочитате веста, некое чувство да се запрашате дали сте безбедни, дали сакате да читате такви вести, дали ќе гледате да избегнете од таа тема.  Јас често велам секој еден од нас е медиум, секој еден од нас ја пласира веста, секој еден од нас е првиот кој што ќе ја каже некогаш веста. Не можеме во едно вакво дигитално, динамично време, полно со предизвици, да спречиме несакани вести, вести кои што ќе предизвикаат негативни последици, и врз општеството, но и врз самата жртва“, посочи Митева.

    Велковски нагласи дека системот за заштита од насилство функционира и  постојат шелтер центри, 24-часовни линии за пријава и брза реакција. Тој посочи дека иако постојните механизми работат, секогаш има простор за подобрување. Како што вели тој,  Владата и Министерството за социјална политика, демографија и млади,  активно размислуваат како системот да стане поефикасен и подобро организиран.

    ,,Навистина сериозно се разгледува и се размислува за целиот систем како да стане подобар. Истиот функционира, бидејќи постојат и шелтер центри постојат линии кои што се активни 24 часа, каде што може да се пријави токму ваков тип на насилство по однос на темата. Во рок од 12 часа се постапува, најдоцна во зависност од тоа каква е тежината на самиот пријавен проблем и достапноста. Така да системот моментално како што е поставен и законот како таков функционира. Дали треба да биде подобрен? Секако. секогаш треба да се стремиме и како министерство и како Влада, меѓутоа пред се како луѓе. Сето она кое што сме го наследиле и има недостатоци да ги коригираме истите за да направиме еден перфектен систем, никогаш можеби не постои меѓутоа да се стремиме кон перфекција“, истакна Велковски.

    Стефаноска истакна дека и е драго што младите, или нејзини врсници, се заинтересирани за теми поврзани со насилството. Според неа, дигиталното насилство е многу реално, бидејќи младите голем дел од својот живот го споделуваат онлајн и овој вид насилство може сериозно да влијае на менталното здравје, но понекогаш и да ја загрози физичката безбедност.

    ,,Дигиталното насилство е нешто кое што е многу реално. Нашиот секојдневен живот е нешто кое што не само ни се случува во реалниот свет, туку ние многу често, барем моите врсници, во 95% од времето одлучуваме дека тоа треба да го споделиме и дигитално. Кога нештото е споделено дигитално, а се случува и во реалниот живот, тука стануваме мета на идна жртва за дигитално насилство. Со дигиталното насилство може една особа психички да биде погодена, но освен психички може и да стави во физичка опасност. Кога зборуваме на теми како физичка опасност и ментално здравје и нарушување на истото, тогаш би кажала дека причината за тоа, односно дигиталното насилство, е навистина реално“, вели Стефаноска.

    Популарно

    Јаневска: Учениците подолго време ќе остануваат во училиште

    04.12.2025 во 15:48

    Екс-градоначалникот на Струмица, Костадинов заработи кривична – направил злоупотреба при набавка на електрични автобуси вредни 430 милиони денари

    04.12.2025 во 12:37

    СДСМ: Новите бомби ја стресоа Власта на Мицкоски

    04.12.2025 во 16:43

    Груевски: „Ко о чему, Заев и Филипче о поштењу“ – Заев тргува со руско железо, а со Филипче се обиделе да протуркаат фирма за увоз на ковид-вакцини

    04.12.2025 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.