Close Menu
Press24
    Најново

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Разбиена мрежа – испрала 700 милиони евра преку криптовалути

    Разбиена мрежа – испрала 700 милиони евра преку криптовалути

    04.12.2025 во 19:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Меѓународна полициска операција разби огромна криминална мрежа за измами со криптовалути, преку која биле испрани над 700 милиони евра. Европол соопшти дека средствата биле префрлани преку сложен систем од криптовалутни берзи, користејќи ја дигиталната анонимност за прикривање на нелегалните финансиски текови.

    Акцијата, координирана минатиот месец во повеќе држави, е резултат на повеќегодишна истрага за лажни платформи што делувале во Европа и пошироко.

    Илјадници жртви биле измамени преку привлечно дизајнирани платформи за инвестирање во криптовалути. Реклами со високи ветувања ги привлекувале корисниците, по што оператори од кол-центри — обучени во техники на социјално инженерство — ги убедувале да вложат уште повеќе средства. На жртвите им биле прикажувани лажни, нереални приноси за да продолжат со инвестирање. Откако средствата ќе биле префрлени, криминалната група ги присвојувала и ги перејќи преку мрежа од блокчејн алатки и различни берзи.

    Првата фаза од операцијата се одвила на 27 октомври, кога биле спроведени рации во Кипар, Германија и Шпанија, по барање на француските и белгиските власти. Уапсени се девет лица под сомнение за перење пари, а запленети се средства во вредност од неколку милиони евра — 800.000 евра на банкарски сметки, 415.000 евра во криптовалути и 300.000 евра во готовина. Одземени се и повеќе дигитални уреди и луксузни часовници.

    Втората фаза продолжила на 25 и 26 ноември, насочена кон маркетиншката инфраструктура што стоела зад онлајн измамата. Биле преземени мерки против компании и поединци кои креирале и пласирале лажни рекламни кампањи на социјалните мрежи. Во оваа етапа, рации спровеле полициски тимови во Белгија, Бугарија, Германија и Израел со поддршка на Европол.

    Прочитај повеќе

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм

    29.10.2026 во 17:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.