Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се зголемува бројката на заболени од грип – за една недела регистрирани се 114 случаи

    Се зголемува бројката на заболени од грип – за една недела регистрирани се 114 случаи

    04.12.2025 во 16:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    – Во текот на 48. недела од 2025 година, од 24 до 30 ноември, во државава пријавени биле 114 случаи на грип – на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавени попладнево, за 25.3 отсто тоа е повеќе во однос на минатата недела. Додека, споредбено со 48. недела од минатата сезона, се забележува зголемување од 75,4 проценти, а во однос на моделот за последните 15 сезони – се регистрира зголемување од 2,7 отсто.

    Од ИЈЗ информираат дека заболените лица оваа недела се регистрирани во 11 ЦЈЗ/ПЕ, односно во Куманово – 49, Струмица – 16, Штип -11, Тетово – 9, Гостивар – 7, Прилеп и Кавадарци – 6, Македонски брод – 5, Неготино – 3 и Радовиш и Скопје со по еден пријавен случај.

    Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 776, според податоците на ИЈЗ. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 70,9 проценти, а во однос на моделот од последните 15 сезони – се регистрирани зголемување од 25,9 отсто. Кумулативно, заболените се пријавени од 15 ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица се регистрирани на територија на Гостивар, a највисока кумулативна инциденца се регистрира на територијата на Македонски Брод. Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група што опфаќа најголем дел од населението – од 15 до 64 години – 584 случаи.

    Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.