Поранешниот градоначалник на Струмица, Коста Костадинов, денеска излезе со реакција во која ги отфрла во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси, за која СВР Струмица поднесе кривична пријава против него и уште пет лица.
Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица, истакна Костадинов.
Костадинов потенцираше дека проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на Општина Струмица, со јасни насоки за формирање Јавно Сообраќајно Претпријатие, спроведување на јавна набавка за автобуси и имплементација на проектот.
„Верувам дека сите овие чекори се спроведени според важечките закони. Истовремено, сакам да потенцирам дека лично јас, а се надевам и сите наведени лица за кои што постои сомневање дека сториле кривично дело, стоиме на располагање на сите надлежни органи и институции со цел да им биде елаборирано и појаснето на каков начин е спроведен овој проект кој денес беспрекорно функционира во пракса.
Политички коментар не би сакал да давам“, нагласи Костадинов.
- Нови туристи и можности за Охрид – Првиот лет од Братислава пристигна на охридскиот аеродром
- Ненад Савески предложен за државен јавен обвинител – Одлуката денеска пред Собранието
- Ќе нема струја до 15:30 – ЕВН најави исклучувања
- „Баба Марта со 300 ума” – Времето во Македонија целосно се менува
- Снег низ Македонија – АМСМ информира за состојбата
- Тетовец продолжил со правдата на улица: Тепачка по завршување на судско рочиште
- Куманово: Пресретнати двајца дилери со „роба“ подготвена за пазарот
- Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

