Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицевски: Барањата на Левица за промена на Изборниот законик се беспредметни

    Мицевски: Барањата на Левица за промена на Изборниот законик се беспредметни

    03.12.2025 во 13:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „По однос на законот којшто е предложен од страна на Левица, односно Изборниот законик, поради јавноста треба да потврдиме дека се работи за законско решение од 2021 година во период кога пратеници беа и Апасиев и Крмов. Од тогаш нема измени на ова законско решение, инаку се работи за беспредметен закон во овој момент, самиот текст во законот вели дека се работи за закон којшто се однесува на актот определен за денот на изборите а тоа е 19 Октомври 2025 година“, истакна Никола Мицевски координатор на пратеничка група и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието.

    Пратеникот исто така посочи дека немало цензура за Левица на овие избори, затоа што во повеќе обиди за промена на Изборниот закон не учествувале пратениците од Левица. 

    „И да рековме дека ќе учествуваме сите во работно тело, работна група, меѓутоа да учествуваме во беспредметен закон, којшто во самиот вовед напишан од нив се однесува за избори коишто се завршени, и да не убедуваат дека на тоа треба да пристапиме со амандмански измени, нема да дадеме никаква поддршка, затоа што навистина треба да седнеме, консензуално со сите забелешки коишто ги имаат сите политички субјекти, да ги направиме сите измени коишто се бараат. Немаше никаква цензура на Левица на овие избори, затоа што обид за промена на Изборниот законик имавме два пати во претходниот мандат, на сите тие настани не учествуваа пратениците од Левица, ниту побараа било каква измена“, додаде Мицевски. 

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.