Close Menu
Press24
    Најново

    Инцидент кај „Куклица“: Приведена 41-годишна жена од Кратово за напад врз посетители

    03.08.2026 во 12:09

    Утре ќе нема струја шест часа – ЕВН најави исклучување во едно скопско село

    03.08.2026 во 11:56

    УХМР најави дожд, од утре следува нов топлотен бран

    03.08.2026 во 11:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инцидент кај „Куклица“: Приведена 41-годишна жена од Кратово за напад врз посетители
    • Утре ќе нема струја шест часа – ЕВН најави исклучување во едно скопско село
    • УХМР најави дожд, од утре следува нов топлотен бран
    • УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди
    • МЗ: Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
    • МЗ: Вонреден инспекциски надзор во три болници во Македонија
    • Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?

    Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?

    03.12.2025 во 12:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, само затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас на Заеви?, прашува Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Дали Заев и Љупчо Николовски склучувале договори во 4 очи за местење на тендери? Исто така, кои други грантови, тендери биле добивани и доделувани, а се поврзани со истово ова трио?

    Кога се спомнува зборот корупција, првата асоцијација е СДС, Заев, Филипче и Љупчо Николовски.

    Власта на Заев, Филипче и Љупчо Николовски меѓу јавноста е позната како најкорумпираната и најкриминалната власт во историјата на Македонија“, рече Манасиевски.

    Манасиевски посочи дека Љупчо Николовски своевремено, освен министер за земјоделие, беше и вицепремиер за борба против корупција. Но, наместо да се бори против истата,  тој по насока на неговиот ментор Заев, ја создавал и бил активен чинител на истата.

    „Дека станува збор за корупција, се јавува фактот што по отписот на 2000 тони жито од стоковите резерви на државата во вредност близу 800.000 евра, кое е подарок од Заев и Филипче кон Љупчо Николовски, веќе следната година, тој му возвраќа на Заев со грант од Агенцијата за ИПАРД во вредност од 1,4 милиони евра.

    Добитник на овој европски грант е фирмата „Тргопродукт’’ на Заеви, односно познатиот бренд „Мамас’’. Уште по сомнително е тоа што во тоа време, овој грант од 1,4 милиони евра, бил втор најголем грант во историјата на ИПАРД програмата. И ова не е единствен ваков случај, и затоа го повикуваме обвинителството да го истражи ова до крај.

    Сега е шансата на обвинителството да се покаже, да отпочне постапка по допрен глас и да ги провери сите овие сомнежи.

    А додека Филипче ги разрешува сите околу него, освен тој самиот, нека одговори до кога ќе ја држи функцијата претседател на СДС само за да му удоволи на Заев и на нивните бизнис интереси“, истакна Манасиевски. 

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена

    03.08.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.