Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 64-годишен маж пријави дека е измамен за сума од 1300 евра од Ф.А. од Скопје. Според пријавеното, во февруари 2022 година Ф.А. му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош, но дека за тоа ќе треба да му даде одреден паричен надомест, на што се согласил и му дал 300 евра.
По неколку месеци му пристигнало решение дека барањето му е одбиено. По една година, Ф.А. повторно му побарал пари на пријавителот за да му помогне да земе социјална помош овој пат за неговата сопруга, но за тоа ќе треба да му плати уште 1000 евра, по што парите ги дал на женско лице.
Како што е пријавено, оттогаш не можел да стапи во контакт со Ф.А., по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Кралски тајни: Како принцот Вилијам користел лажно име на факултет за да живее како обичен студент
- Вештачката интелигенција помогна да се отклучи заборавено биткоин богатство вредно 400.000 долари
- Аракчи од Њу Делхи: Иран секогаш ќе биде заштитник и чувар на безбедноста во Ормускиот Теснец
- Дописничка од Белата куќа: „Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре пред да се качиме во претседателскиот авион“
- Трамп по враќањето од Кина: Само САД и Пекинг можат да го извлечат иранскиот „нуклеарен барут“ од урнатините
- Трамп бара кинеска помош за војната со Иран, Си претпазлив околу Ормутскиот Теснец
- Димитријевиќ: Скандалозно е премиерот јавно да признава дека му сугерира на обвинителот како да постапува
- УХМР предупредува: Сабота носи силно невреме со пороен дожд, град и засилен ветер ширум државата

