Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ден посветен на верата и покајанието: Се празнува Преподобна Пелагија, има неколку важни обичаи
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ освои 707 гласови во Брвеница, резултатот е порака до Филипче
    • ВМРО-ДПМНЕ: Дојран се развива со инфраструктурни проекти и мерки за поддршка на семејствата
    • СДСМ: Минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот
    • Танкер гори во Ормутскиот теснец: Носел нафта и удрил во мина
    • Андоновски од Сеул: Вештачката интелигенција не смее да биде привилегија само на богатите држави
    • Маск ги ограничи сателитските услуги за Украина
    • Хорор за скопјанка: Екс-партнерот ја истепал и ја оставил без телефон и паричник
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Никој нема право да ги одземе покачените пензии на пензионерите

    Мицкоски: Никој нема право да ги одземе покачените пензии на пензионерите

    02.12.2025 во 13:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање дали го поддржува протестот на пензионерите пред Уставен суд, рече:

    „Овој пат тие удрија на пензионерите, па ги слушам сега како се препелкаат – тоа што си го земале пензионерите нема да го вратат, но, затоа ќе видиме како понатаму. Нели најпрвин немаше такво нешто. Јас кога го соопштив тоа на пратенички прашања тие излегоа рекоа нема такво нешто. За потоа да се препакуваат и кажат добро, еве ќе го разгледуваме сето тоа за од 1 јануари“.

    Премиерот Мицкоски потенцираше дека последното линеарно зголемување е предвидено за мартовската пензија идната година, прашувајќи како тоа зголемување ќе биде неуставно, а претходните 6 илјади денари ќе бидат уставни.

    Мицкоски посочи дека судиите во Уставен суд имаат три можности.

    „Првата е линеарните зголемувања да ги прогласат за неуставни, тоа значи 75 отсто од пензионерите од 1 јануари ќе имаат 3-4 илјади денари пониски пензии. Втората опција е да најдат некоја, за мене, бледа неправна логика следното зголемување да го прогласат за неуставно, а сè претходно да биде уставно, што за мене, еве јас не сум правник, но консултирав многу правници, делува смешно. И третата опција е да ги прогласат уставни“, рече Мицкоски, додавајќи дека нема да коментира повеќе и ќе остави на Уставниот суд, за како што кажа, да не биде „повторно сфатено дека прави притисок врз судиите и врз обвинителите“.

    Прочитај повеќе

    Ден посветен на верата и покајанието: Се празнува Преподобна Пелагија, има неколку важни обичаи

    21.10.2026 во 09:32

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ освои 707 гласови во Брвеница, резултатот е порака до Филипче

    21.10.2026 во 09:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.