Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    МВР: За само 6 часа паднаа 63 пијани возачи, 8 од нив се приведени

    17.08.2026 во 16:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Тепачка во Батинци: Пет лица нападнале 41-годишен маж и неговиот малолетен син
    • Македонија се враќа на Евровизија: Потврдено учеството на изборот во Бургас за 2027 година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Еве како СДС краделе – Заев му отпишал жито за 800.000 евра, а Николовски му вратил со грант од 1.4 милиони евра

    Манасиевски: Еве како СДС краделе – Заев му отпишал жито за 800.000 евра, а Николовски му вратил со грант од 1.4 милиони евра

    02.12.2025 во 12:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По аминувањето од страна на Заев и Филипче на владина седница за кусокот 2.000 тони жито вреден 800.000 евра, Љупчо Николовски веќе следната година му возвраќа на својот ментор со грант од 1,4 милиони евра, средства од ИПАРД програмата, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Компанијата „Тргопродукт’’, која е една од најпознатите фирми во сопственост на Заеви, во тогашната 2022 година, добила грант вреден 1,4 милиони евра. За граѓаните да им биде појасно, станува збор за познатиот бренд на Заеви, „Мамас’’, истакна Манасиевски.

    „Уште по сомнително е тоа што овој грант во вредност од близу 87 милиони денари или 1,4 милиони евра, тогаш бил втор најголем грант во историјата откако се работи со ИПАРД програмата.

    Ги прашуваме Заев и Љупчо Николовски, дали станува збор за меѓусебен договор, откако Заев му аминува кусок од државните стокови резерви во вредност од 800.000 евра државни пари, а тој продаден завршува на црниот пазар во соседна држава по скоро двојно повисока цена? Дали Љупчо Николовски како тогашен министер преку своето влијание помогнал да Заеви добијат неповратен грант од ИПАРД програмата вреден 1,4 милиони евра? Уште колку вакви тендери и договори имаат направено овие луѓе? Дали можеби конечно и обвинителството и судството ќе се одважат и да ги проверат овие случаи?

    Менторот Заев добро ги обучил Љупчо Николовски и Венко Филипче да бидат негово продолжение на политичката сцена. Народот веќе еднаш му пресуди на Зоран Заев, а сега му пресуди и на Венко Филипче.

    Се додека овие корумпирани и криминални ликови не се оттргнат од партијата, таа ќе продолжи да пропаѓа секојдневно“, нагласи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37

    Петрушевски: СДС нема политика и измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

    17.08.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.