Close Menu
    Најново

    Криза во НИС: Србија без сурова нафта, ризик од раст на цените и инфлација

    01.12.2025 во 22:41

    Анкета YouGov: Помалку од половина Европејци ја поддржуваат Украина за членство во ЕУ и НАТО

    01.12.2025 во 22:26

    Макрон: Мировен план без Украина и Европа е невозможен

    01.12.2025 во 21:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Криза во НИС: Србија без сурова нафта, ризик од раст на цените и инфлација
    • Анкета YouGov: Помалку од половина Европејци ја поддржуваат Украина за членство во ЕУ и НАТО
    • Макрон: Мировен план без Украина и Европа е невозможен
    • Ѓорѓиевски: Сериозно треба да работиме на базичниот проблем во однос на загадувањето – загревањето на домаќинствата
    • Премиерот: Истурањето пари во СЈО заврши со Луј Витон куфер мито
    • Кејт Мидлтон проговори за невидливиот проблем што ги мачи многу жени
    • Мицкоски: Обвинувањата на СДСМ за криминал на Владата се чиста клевета, ќе се покаже дека сè е чисто
    • Мицкоски: Беким Сали и Мухамед Хоџа ќе бидат нови министри, напролет ќе има промени во Владата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: Обвинувањата на СДСМ за криминал на Владата се чиста клевета, ќе се покаже дека сè е чисто

    Мицкоски: Обвинувањата на СДСМ за криминал на Владата се чиста клевета, ќе се покаже дека сè е чисто

    01.12.2025 во 21:04
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ ги коментираше и последните обвинувања на СДСМ за местени тендери за што рече дека истите се клевети за кои како многупати во минатото СДСМ ќе треба да се извинува и дополнително да губи супстанца од својот кредибилитет.
     
    „Доколку постои било какво сомневање за сторен криминал, СДСМ може веднаш до нивните инсталации во Обвинителството да достави докази и нивните инсталации во Обвинителството коишто сè уште функционираат слободно можат да поведат истрага и сè што е потребно ние како Влада им стоиме на располагање. Во меѓувреме на нивната прес-конференција тие изнесоа неколку груби клевети. Не нарекоа криминалци, треба да го докажат сега тоа, а ако не го докажат ќе треба да се извинат и дополнително да изгубат супстанца од својот кредибилитет. И второ, наклеветија личност дека управител на таа фирма бил негов близок роднина, братучед итн. што е апсолутна невистина. Димче Арсовски се обрати преку социјалните медиуми и ќе треба сега да докажат тоа што го тврдат претпоставувам, преку судски процес“, потенцираше Мицкоски.
     
    Тој исто така додаде дека СДСМ и него лично во минатото многу пати го клеветеше и за тие клевети има и судски пресуди во коишто се констатирани како такви, но до ден-денес СДСМ не се извинија.
     
    „Многу пати во минатото СДСМ клеветеше. Мене лично многу пати ме клеветеше уште во времето во опозиција кога бев и има судски пресуди неколку во коишто тие клевети и невистини се констатирани како таква, а за жал до ден-денес СДСМ не се извини. Претпоставувам дека во овие судски процеси ќе дојдеме до судска одлука и ќе треба повторно или ние да се засрамиме, ако навистина сме криминалци и според нивните тврдења сме местеле тендери и тогаш треба, логично е да си поднесеме одговорност и тука нема дилема или, вториот случај, тие да се извинат“, додаде Мицкоски.
     
    Тој потенцираше дека не се интересира за јавните набавки од аспект како што тоа се правело во минатото кога браќа на премиери беа бизнисмени и кога сопруги добиваа со владини одлуки земјишта за изградба на фотоволтаици, но после обвинувањата изнесени на прес-конференција се распрашал и добил уверување дека се е според закон и според тендерската документација.
     
    „Нормално дека после прес-конференцијата на СДСМ се заинтересирав, се распрашав и апсолутно добив уверување дека е сè според закон и според тендерска документација и дека тој рамковен договор за којшто вие велите е од нула до таа максимална сума којашто вие сега ја споменувате. Значи, може да биде и нула денари, а може да биде и сумата којашто вие ја споменувате. Така што апсолутно јас не гледам никаква незаконитост во рамките на таа набавка. Имало многу случаи кога дури и компании без вработени добивале тендерски постапки итн. доколку тие биле по закон, тука ние ништо не можеме да сториме. Но, бидејќи вие рековте да ја запалиме црвената ламба, јас го повикувам Обвинителството уште денес да дојде и да отвори процес и да го истражи случајот. Доколку има какво било незаконито однесување веднаш да покрене постапка“, нагласи Мицкоски.

    Популарно

    Ќе нема струја шест часа – ЕВН најави прекини во неколку општини

    01.12.2025 во 09:11

    Променливо облачно – следната недела снег

    30.11.2025 во 11:23

    Тошковски: Ова е неверојатно – камерите регистрираа 60.000 казни за само 12 часа

    01.12.2025 во 15:25

    Почнаа да снимаат камерите по улиците – казни ќе доаѓаат идниот месец

    01.12.2025 во 09:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.