Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Орце става асфалт на булеварот „Борис Трајковски“
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Сонце по утринскиот студ
    • Бугарскиот производител се сомнева дека во Хрватска била дадена 10 кратно поголема доза од вакцината
    • ГАЛЕРИЈА: Македонската полиција уапси 69 годишен маж – Имал цел арсенал оружје
    • Паднаа директорка и шефица во Државна лотарија – пронајдени злато и скапи брендирани чанти
    • ВРЕДИ прашува: Чиј е имотот од 335 илјади евра понуден за пасошот на Груби?
    • ФОТО: „Task Force“ во акција – Приведени три лица
    • ВИДЕО: Мечка уништо автомобил додека си го бранеше мечето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Калас: Целиот притисок е насочен кон Украина – а треба кон Русија

    Калас: Целиот притисок е насочен кон Украина – а треба кон Русија

    01.12.2025 во 19:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека притисокот за постигнување мир мора да биде насочен кон Русија, а не кон Украина, како жртва на агресијата. Таа предупреди дека примената на спротивен пристап би можела да доведе до нов конфликт во иднина.

    „Се плашам дека целиот притисок се врши врз послабата страна, бидејќи предавањето на Украина е најлесниот начин да се заврши оваа војна. Но, ако сакаме оваа војна да заврши и да не избувне повторно за неколку години, тогаш мора да го извршиме целиот притисок врз агресорот, односно Русија“, изјави Калас по состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на ЕУ.

    Нејзините коментари доаѓаат во пресрет на утрешниот состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претставник Стив Виткоф. Калас се осврна и на дебатата за користењето на замрзнатите руски средства за финансирање репарациски заем за Украина, иницијатива на која најмногу се спротивставува Белгија, земја во која е депониран најголемиот дел од средствата.

    Таа оцени дека загриженоста на Белгија е разбирлива, но посочи дека Европската Унија е подготвена да го сподели секој потенцијален ризик.

    „Напротив, употребата на замрзнати руски средства би ја зајакнала и позицијата на ЕУ“, рече Калас, отфрлајќи го тврдењето на белгискиот премиер Барт де Вевер дека ваквиот чекор би го загрозил мировниот процес. Според неа, користење на средствата би ја зајакнало позицијата и на Украина и на Европската Унија во идните преговори.

    Прочитај повеќе

    ЕСМ: Од 15 октомври официјално почнува грејната сезона во Скопје

    05.10.2026 во 13:11

    ЈСП: Бесплатен јавен превоз во Скопје за време на „Бела ноќ 2026“

    01.10.2026 во 14:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.