Close Menu
Press24
    Најново

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста
    • Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
    • Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Амбасадорот на Швајцарија, Зомер, во посета на ТИТАН Усје: Размена на искуства и добри практики за циркуларната економија

    Амбасадорот на Швајцарија, Зомер, во посета на ТИТАН Усје: Размена на искуства и добри практики за циркуларната економија

    01.12.2025 во 13:503 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најновите практики во циркуларната економија и напредните системи за управување со отпад беа во фокусот на посетата на Неговата Екселенција Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија во земјава. ТИТАН Усје е еден од пионерите во земјава во примена на принципите на циркуларната економија и континуирано инвестира во нејзино унапредување.

    Амбасадорот Зомер имаше прилика да се информира и за процесите за декарбонизација, како и за активностите што компанијата ги реализира во насока на зелена и одржлива транзиција на индустријата.

    Главниот извршен директор Константинос Николау ги презентираше искуствата на компанијата и напредните технологии во користењето на алтернативни горива од фракции од отпад и иновациите што се дел од секојдневните операции на ТИТАН Усје.

    „Како членка на меѓународната групација ТИТАН, одржливоста во компанијата се негува како суштински дел од нашиот идентитет и корпоративна култура. Наш приоритет е имплементирање на најдобрите практики и иновативни решенија во областа на декарбонизацијата и управувањето со отпадот. ТИТАН Усје е една од првите компании во земјата која ги примени принципите на циркуларната економија, а истовремено постојано работиме на нивно унапредување. Оваа посета е можност за зајакнување на партнерствата, но и за поголема соработка и размена на искуства кои придонесуваат кон подобра животна средина и одржлива иднина. Ние сме подготвени да ги споделиме нашите искуства и да помогнеме што повеќе ентитети да започнат со примена на овие принципи, бидејќи така општеството ќе има поголеми придобивки“, потенцира Николау.

    Во рамките на посетата беше презентирана и постројката за алтернативни горива, една од првите од овој вид во земјата. Употребата на алтернативните горива во голема мерка придонесува за поголема декарбонизација во земјата. Користењето на отпад и преработки од отпад како алтернативно гориво во цементната индустрија е светски потврдена праска коjа се применува повеќе од 50 години во ЕУ и САД. Во моментов над 40% од енергенсите што се користат во цементната индустрија во Европската унија и другите земји доаѓаат од алтернативни горива кои потекнуваат од отпад.

    При посетата, амбасадорот Зомер ги истакна искуствата од оваа област во Швајцарија и истакна:

    „Примената на нови технологии базирани на принципот на одржливост мора да биде приоритет. Токму циркуларната економија и практиките кои се применуваат во рамките на овој концепт се одлична основа за суштинска промена во начинот на водење на бизнисите и во начинот на живот. Во мојата земја овие практики имаат широка примена и навистина ми е драго што гледам дека постојат и тука иницијативи, што упатува на можност за соработка за поголем напредок“.

    Компанијата ги презентираше инвестициите направени во модернизација, дигитализација и иновативни процеси, кои овозможуваат зголемена енергетска ефикасност, намалена потрошувачка на ресурси, како и значително редуцирање на емисиите на CO₂. Амбасадорот Зомер ја поздрави посветеноста на компанијата на принципите на одржливост и нејзината улога во промовирањето на еколошки одговорни индустриски стандарди во земјата.

    ТИТАН УСЈЕ, која годинава одбележува 70 години постоење, континуирано инвестира во напредни технологии и системи за оптимизација. Годинава компанијата ја доби и највисоката меѓународна потврда за управување со отпад – Zero Waste to Landfill Platinum Certificate.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста

    17.08.2026 во 20:39

    Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините

    17.08.2026 во 20:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.