Вчера во 18:23 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.С.(42) од Оризари, кочанско.
Претходно, околу 17:15 часот на магистралниот пат А3, во близина на крстосница „База Гранит“, тој со возило „фиат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „сузуки“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(56) од Кочани, по што го напуштил местото.
По преземени мерки, тој е пронајден во неговиот дом и по извршено алкотестирање констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,90 промили алкохол во крвта.
- Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
- Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
- Фатен бегалец од Идризово
- Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
- Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
- Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
- Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
- Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци

