Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најмалку пет Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Газа
    • Ангелов: Пожарот кај прилепското село Чаниште зафати најмалку една куќа и помошен објект, екипите спречија поголема катастрофа
    • (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Годинава регистрирани 38 случаи на ХИВ/СИДА, починале осум лица

    Годинава регистрирани 38 случаи на ХИВ/СИДА, починале осум лица

    30.11.2025 во 11:272 Mins Read
    ФОТО: Freepik
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Триесет и осум нови случаи на лица со ХИВ/СИДА се регистрирани во Македонија од почетокот на годинава до 27 ноември, што претставува пад од 25,5 отсто во споредба со истиот период лани кога имало 51 случај.

    Според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен по повод Светскиот ден за борба против СИДА, оваа година се евидентирани осум смртни случаи поврзани со болеста.

    Во однос на демографската слика, вирусот и понатаму доминантно ја погодува машката популација. Од 38-те нови случаи, дури 37 се мажи, а само едно лице е од женски пол. Просечната возраст е 35 години, при што најголем дел од заразените (над 73 отсто) се млади луѓе на возраст од 20 до 39 години.

    Анализата на ризикот покажува дека кај 29 лица преносот настанал во рамките на МСМ популацијата (мажи кои имаат секс со мажи), додека кај пет лица е регистрирана хетеросексуална трансмисија.

    ИЈЗ нотира дека Македонија останува земја со ниска преваленца, но предупредува на нагорен тренд на подолг рок, бидејќи 32 отсто од вкупно 726 регистрирани случаи од 1987 година досега, се откриени токму во последните пет години.

    „Слично како и во останати земји од европскиот регион, во Македонија, мажи кои имаат секс со мажи се изложени на поголем ризик од ХИВ инфекција, во последните 10 години 72,8 отсто од регистрираните случаи се кај мажи кои имале секс со мажи“, наведуваат од ИЈЗ.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

    17.08.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.