Close Menu
Press24
    Најново

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ

    17.08.2026 во 19:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
    • Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кедев: Имав пациенти во клиничка смрт кои минувале низ тунел и се враќаа во живот-и јас имав слично искуство

    Кедев: Имав пациенти во клиничка смрт кои минувале низ тунел и се враќаа во живот-и јас имав слично искуство

    29.11.2025 во 11:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Гладувањето претставува исклучително поволен стил на живот кој делува како антиинфламација за организмот, смета интервентниот кардиолог и алпинист, д-р Сашко Кедев.

    Во интервју за МИА, Кедев, кој неодамна беше одликуван од претседателката на државата за своите достигнувања во медицината и алпинизмот, сподели дека и самиот практикува ригорозен режим на исхрана каде клучот е во прескокнувањето на вечерата.

    „Немам дефинитивна препорака за сите пациенти, меѓутоа сметам дека гладувањето е исклучително поволен стил на живот. Секој што може да гладува, колку подолго може да гладува, толку е подобро, бидејќи гладувањето е антиинфламација. Гладувањето намалува внес на калории и на некој начин овозможува да се прочистува организмот, но се прочистува и умот на некој начин“, вели д-р Кедев.

    Според него, наједноставниот механизам за постигнување на овој ефект е последниот оброк да заврши во 16 или 17 часот попладне и до следното утро да се консумира само вода.

    „Тоа е најверојатно најкорисното нешто. Овие механизми се опишани уште во древните цивилизации. Тибетанската медицина, која што е постара од кинеската, го опишува сето тоа. Во многу религии, во христијанството ние имаме пост, но тој пост треба да е многу ригорозен, проследен со намалување на телесната тежина. Тогаш е вистинскиот бенефит“, појаснува докторот.

    Кедев, кој го комплетираше искачувањето на сите 14 светски врвови повисоки од 8.000 метри, нагласува дека гладувањето доведува до поголема ментална дисциплина, без разлика дали лицето е религиозно или атеист.

    Прочитај повеќе

    Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините

    17.08.2026 во 20:10

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.