Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере

    11.06.2026 во 18:52

    Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп

    11.06.2026 во 18:41

    ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска

    11.06.2026 во 18:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере
    • Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп
    • ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска
    • Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
    • Муцунски утре ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
    • Мелони: ЕУ треба да има еден претставник за преговори со Русија
    • Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење
    • Во Владата состанок за реформската агенда
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски за македонското судство: И прав да си, крив ќе излезеш

    Николоски за македонското судство: И прав да си, крив ќе излезеш

    28.11.2025 во 09:473 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бараат пари за поголеми плати и буџети, а не работат, не можат сами да се реформираат и не испорачуваат резултати, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во “Само интервју” на ТВ Канал 5, зборувајќи за состојбите во македонското судство и обвинителство.

    Коментирајќи ги забелешките за работата на судските органи, тој вели дека видни се притисоците од меѓународниот фактор, иако судството не покажува никакви резултати.

    “Излезете надвор од Скопје и најубавите куќи се на цариник, судија и обвинител и ако не го знаете вистинскиот адвокат и немате да платите, не дај Боже и прав да сте, крив излегувате. Законите се добри, проблем е што или не работат или ги ставаат работите под тепих, или нешто ако сработат, најчесто им е да удрат некој бизнисмен. За жал на тоа се сведе судството и Обвинителството во Македонија”, рече Николоски.

    Во однос на барањето за повисоки плати во правосудниот систем, Николоски посочи дека платите на судиите и обвинителите и сега се високи и дека проблем не се примањата, туку тоа што судиите и обвинителите не испорачуваат.

    “Еве теоретски ќе ги зголемиме и платите, ќе се сменат работите? Исто ќе е! Мали им се сега платите? Повисоки плати имаат и од министри и од премиер, и од претседател на држава. Се сеќавате дека Уставниот суд ја укина одлуката за замрзнување на платите, кога наеднаш скокнаа платите за 78%, и ние донесовме принципиелен став дека од ова нивно повеќе платите нема да растат и ги намаливме коефициентите, но еве тоа за судиите и обвинителите не требало да важи. Проблемот во државава не се платите на судиите и обвинителите, проблемот е дека не испорачуваат”, истакна вицепремиерот Николоски.

    Николоски потенцираше дека целта на Владата е судството и Обвинителството да бидат независни, но се додека довербата во правосудниот систем е олку ниско ниво и се додека тоа е проблем кој го посочува секој еден граѓанин, Владата нема да остане нема на состојбите. 

    Во однос на условите за работа во судовите и обвинителствата, Николоски направи компарација за тоа како постапуваа судиите и обвинителите кон ВМРО-ДПМНЕ, а како денеска постапуваат или не постапуваат кон претходната владеачка гарнитура.

    “Дали имаа основни услови за работа за да му го замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ? Очигледно имаа, затоа што ние сме единствената владеачка партија во Европа, која што има замрзнат имот. Дали можат со истите услови, кои што ги имале да му го замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ, барем да го испитаат имотот на СДСМ и ДУИ? И да им се даде се’ што бараат, ќе излеземе идната година пак, за истиот проблем ќе зборуваме. Тие бараат само плус пари за плати, а сите останати трошоци да останат на сметка на државата. Суд нов да се изгради во државата, треба Владата да го плати.”- додеде вицепремиерот Николоски во интервјуто.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере

    11.06.2026 во 18:52

    Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп

    11.06.2026 во 18:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.