Денеска времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои се очекува да бидат пообилни во источните делови на земјава. На планините врнежите ќе бидат од снег, додека на повисоките места се очекува мешан дожд и снег.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со дожд, додека во повисоките делови на котлината ќе има мешавина од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

