Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Катастрофата во Хонг Конг резултираше со најмалку 65 загинати – многу се водат за исчезнати

    Катастрофата во Хонг Конг резултираше со најмалку 65 загинати – многу се водат за исчезнати

    27.11.2025 во 18:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бројот на загинати во големиот пожар што зафати неколку висококатници во Хонг Конг се искачи на 65 лица, соопштија локалните служби за итни случаи. Во трагедијата, која се случи во областа Тај По, повредени се уште 70 луѓе, меѓу кои и 10 пожарникари. Бројот на исчезнати не е целосно познат, но властите претходно проценија дека 279 лица се водат како исчезнати.

    Пожарот избувна вчера попладне и зафати седум од осумте висококатници во станбениот комплекс Wang Fuk Court, кој брои околу 2.000 станови. Повеќе од 1.200 пожарникари се ангажирани во гаснењето. Иако ситуацијата е делумно стабилизирана, огнот и денеска продолжува да гори во три од зградите.

    Првичните информации укажуваат дека бамбусовите скелиња, поставени за време на реновирање на 32-катните згради, веројатно придонеле огнот да се прошири со исклучителна брзина.

    Полицијата приведе тројца мажи од една градежна компанија, под сомнение за убиство од небрежност. Според властите, материјалите употребени за градежните работи можеби не биле согласно пропишаните стандарди за заштита од пожар.

    Шефот на владата на Хонг Конг, Џон Ли, нареди итна инспекција на сите објекти што се во процес на поголемо реновирање низ територијата.

    Прочитај повеќе

    Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба

    25.08.2026 во 23:13

    Канада воведува нови царини за американските производи

    25.08.2026 во 23:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.