Close Menu
    Најново

    Мицкоски: Жал ми е што реформите во правосудството се сведуваат за пари-со сегашните одвојувања имаат повеќе пари од просекот на земјите во Европа

    27.11.2025 во 14:10

    Измамена скопјанка за 200.000 денари: Мајстор зел пари за градежни работи, па престанал да одговара на повиците

    27.11.2025 во 14:00

    Вработен во ЕВН заврши во болница – скопјанец го нападнал со тврди предмети додека извршувал работни задачи

    27.11.2025 во 13:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мицкоски: Жал ми е што реформите во правосудството се сведуваат за пари-со сегашните одвојувања имаат повеќе пари од просекот на земјите во Европа
    • Измамена скопјанка за 200.000 денари: Мајстор зел пари за градежни работи, па престанал да одговара на повиците
    • Вработен во ЕВН заврши во болница – скопјанец го нападнал со тврди предмети додека извршувал работни задачи
    • Велковски: Пензиите ќе бидат исплатени на 1 декември, лажни се тврдењата за колапс на Фондот
    • Мицкоски: Кацарска преку Уставен суд од следниот месец им ги намалува пензиите на 70% од пензионерите
    • Алиу во Турција jа посети градската болница каде беа згрижени шест лица од повредените во Кочани – разгледани можности за продлабочување на соработката
    • Тренчевска: 12.000 пензионери се исклучени од покачувањето на пензиите
    • Полицијата ловеше пијани возачи – шестмина приведени
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: Жал ми е што реформите во правосудството се сведуваат за пари-со сегашните одвојувања имаат повеќе пари од просекот на земјите во Европа

    Мицкоски: Жал ми е што реформите во правосудството се сведуваат за пари-со сегашните одвојувања имаат повеќе пари од просекот на земјите во Европа

    27.11.2025 во 14:10
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На денешната седница на Собранието посветено на пратенички прашања, Претседателот на Владата одговараше на прашање посветено на темата за платите на вработените во правосудството, како дел од реформите во оваа област.

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски се осврна на предлозите за измени на законот според кои треба средствата за правосудството да се покачат на 0,8% од БДП за судовите и 0,5% за обвинителите или тоа е отприлика 1,5% од БДП.

    „Следната година ќе имаме 20,5 – 20,6 милијарди долари БДП, тоа значи дека отприлика 260-270 милиони долари ќе треба да се обезбедуваат пари за судовите и за обвинителствата, или 3-4 пати повеќе од сега. Кога на тоа ќе се додадат расходите коишто се за редовна исплата на пензии, кога на тоа ќе се додадат редовните плати на администрацијата, кога на тоа ќе се додадат сѐ поголемите потребни трошења во Армијата и МО и кога на тоа ќе се додадат капиталните инвестиции и долговите поголеми од 2,2 милијарди направени во минатото, тогаш буџетот ќе треба да биде отприлика 8-9 милијарди евра на расходната страна или пак буџетскиот дефицит на биде 8-10% од БДП. Нормално тоа е невозможно“, рече премиерот Мицкоски и додаде дека кога се зборува за реформи треба да се зборува за суштина, а не за пари.

    „Жал ми е што дебатата се сведува за пари. Тоа се реформите. Автономен буџет и пари. Тоа е првата теза, па откако видоа дека јавноста лошо реагира, еден мал дел којшто ги контаминира сите, одлучија да ја свртат тезата, па велат немаме основни средства за работа, компјутери, дактилографи, асистенти и слично. Второто надградено барање е дека плановите за вработување и унапредување требало да ги одобрува Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, а Владата само да ја информираат. Што е во ред. Тие се судска власт, ние сме извршна, ова е законодавна, сосема различни и тоа не е никаков проблем. Еве не треба дури ни да не информираат. Ќе им дадеме автономен буџет самите да го управуваат“, кажа Мицкоски, но забележа дека истите тие кои ги бараат овие реформи го доведоа правосудството во ситуација граѓаните да немаат доверба.

    Според Мицкоски, ако се прифатат овие покачувања, тогаш државата ќе биде апсолутен рекордер во светот, односно 2,5 пати повеќе ќе одвојуваме од државата која одвојува најмногу. Според извештајот на Советот на Европа, Македонија во моментот издвојува 0,39% од БДП, а тоа е повеќе од просекот во земјите кои ги опфаќа Советот на Европа и 75% повеќе од земјите во ЕУ.

    „Секој кој кажува различно или манипулира или не ја говори вистината, без разлика дали е надворешен дипломат или домашен експерт, политичар итн. Ова се бројки и факти, од кои 0,3% од БДП според тој извештај се одвојуваат за судовите. Албанија има 0,14%, Молдавија има 0,18 %, а ние „послабиве“ имаме 0,30%. Тоа е дупло повеќе. И тоа е повеќе и од просекот, кој 0,22% и од медијаната која е 0,19%. Кај Обвинителството треба да се поработи, ние сме 0,08%, а просекот е 0,09% од БДП. Ние прифаќаме да биде 0,1% да стои тоа во закон, минимум 0,1% од БДП. Ако се создадат услови, ако дозволува буџетското консолидирање кое ни го бараат меѓународните финансиски институции, ние немаме проблем повисоки плати да им дадеме. Еве малку се 3.000 евра, нека бидат 5.000“, посочи Христијан Мицкоски.

    Тој потсети дека во СЈО тие обвинители добиваа плата 10 пати поголема од просечната, пишуваа дневници па сумата стануваше 20-30 пати поголема плата од просечната и сето тоа заврши спакувано во чанта од Луј Витон.

    „Овие што требаше да бидат грации, борци на правдата, живот што ќе носеа, сето тоа го спакуваа со неколку милиони евра во една чанта од брендот Луј Витон. Така што, не било до парите, до нешто друго било.

    Сакам јавно да кажам дека немаме проблем сѐ да прифатиме, пари немаме толку колку што бараат, бидејќи прво не заслужуваат малкумина, а второ тоа коешто ќе го обезбедиме ќе биде сосема доволно за да имаат пристојни плати и многу пати повеќе од просекот“, заклучи премиерот Мицкоски.

    Популарно

    „Јади Бурек“ заминува во историјата – Јанко ја продава цела сценографија

    26.11.2025 во 19:07

    Познато што е најдено во крвта – Ја игнорирале смртта на тригодишно дете пред седум месеци кое починало во истиот хотел во Истанбул како и четиричленото семество од Германија

    26.11.2025 во 23:23

    Скопски градоначалник се откажа од користењето на службено возило

    26.11.2025 во 14:15

    Музичката сцена во шок: Почина млад пејач од Македонија

    26.11.2025 во 19:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.