Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип
    • „Брат ми ми се заканува со нож“ – Семејна драма во Велес
    • Тешка сообраќајка на скопската обиколница: Се судирија автобус и „мерцедес“ – има повредени
    • Падна полицаец од Тетово: Наместо казни од 300 евра за брзо возење, издал предупредување и казна од 45 евра
    • ФОТО: Се пребарува реката Вардар по пријава за исчезнато лице
    • Спречен шверц на Богородица: Возач на автобус се обидел да прокриумчари лекови за малигни заболувања во кутија за прва помош
    • Хасан: Во Општина Центар има околу 3.000 нерешени пријави од граѓани
    • Сабајле ќе снема струја во 9 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски на состанок на ЦЕИ во Белград: Регионална стабилност и ЕУ-проширувањето главни теми на средбата

    Муцунски на состанок на ЦЕИ во Белград: Регионална стабилност и ЕУ-проширувањето главни теми на средбата

    25.11.2025 во 23:241 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).

    Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.

    Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.

    Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип

    21.10.2026 во 14:17

    „Брат ми ми се заканува со нож“ – Семејна драма во Велес

    21.10.2026 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.