Close Menu
    Најново

    Судење „Пулс“: Обвинителството бара одговорност по име и презиме, клубот бил „смртоносна стапица“ со години

    25.11.2025 во 09:19

    Мицкоски денеска ќе доделува решенија за самовработување

    25.11.2025 во 09:12

    Нови цени на горивата од полноќ

    25.11.2025 во 09:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Судење „Пулс“: Обвинителството бара одговорност по име и презиме, клубот бил „смртоносна стапица“ со години
    • Мицкоски денеска ќе доделува решенија за самовработување
    • Нови цени на горивата од полноќ
    • Времето денеска променливо облачно, од утре голем пресврт
    • Захарова: Условите на ЕУ за мир во Украина се апсурдни
    • Истражување: Седата коса е природна заштита против меланом
    • Лумир Абдиџику ќе биде кандидат за премиер на ДСК на предвремените избори во Косово
    • Мерц: Русија мора да се врати на преговарачката маса
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Судење „Пулс“: Обвинителството бара одговорност по име и презиме, клубот бил „смртоносна стапица“ со години

    Судење „Пулс“: Обвинителството бара одговорност по име и презиме, клубот бил „смртоносна стапица“ со години

    25.11.2025 во 09:19
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во Судот во Идризово денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На ова рочиште се очекува одбраната да се произнесе за вина и да даде воведни зборови.

    На минатото рочиште, обвинителот Борче Јанев во воведниот говор истакна дека се бара правда како последица на незаконитост и „одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагедијата“.

    „Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал кофа вода и не ја истурил“, порача Јанев.

    Обвинителството тврди дека катастрофата не е само резултат на пиротехниката, туку на години институционален молк, пропусти и недостиг од контрола.

    • Дискотеката „Пулс“ била „смртоносна стапица“ од почетокот: работела без противпожарен систем, со затворени прозорци, лесно запаливи и токсични материјали (сунѓери на плафон) и само еден излез за евакуација.
    • Во критичната ноќ бил дозволен неконтролиран влез на над 600 гости, вклучувајќи и деца.
    • Обвинителството нагласи дека сите обвинети, како службени лица, го наследувале и прифатиле молкот како службен протокол, не излегувајќи од „индолентниот бирократски канал“.

    Осум месеци по несреќата, на обвинителна клупа седнаа 37 обвинети (34 физички и 3 правни лица), меѓу кои сопственици на локали, инспектори, поранешни градоначалници и државни службеници. Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска.

    Истовремено, се водат и посебни постапки против полицајци и група вработени во УЈП за мито и злоупотреби поврзани со незаконското работење на дискотеката.

    Популарно

    Пет хороскопски знаци ќе добијат неочекуван прилив на пари

    23.11.2025 во 15:01

    Ласовска: Ниту една трагедија нема да остане без одговорност, со Анкетната комисија ќе се утврди каде затаил системот

    24.11.2025 во 20:27

    Димитриеска -Кочоска: Повластената стапка од 5% ДДВ за првиот промет на новоизградени станови останува непроменета

    24.11.2025 во 18:54

    Падна чувар на шуми – Издавал лажни испратници за дрва од државна шума

    24.11.2025 во 13:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.