Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бериша: Имаме поддршка од целиот свет, Албанија е ограбена повеќе од која било нација

    Бериша: Имаме поддршка од целиот свет, Албанија е ограбена повеќе од која било нација

    24.11.2025 во 22:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лидерот на албанските опозициски демократи, Сали Бериша, на вечерешниот протест пред зградата на Владата во Тирана порача дека опозицијата ќе продолжи да се бори „до соборување на нарко-диктатурата во државата“, истакнувајќи дека има поддршка од меѓународната заедница.

    „Демократите и опозицијата не се сами во својата борба со злото, туку имаат поддршка од луѓето што ја сакаат слободата и вистината, низ целиот свет. Времето го повикува секој млад Албанец да се спротивстави за да ја спаси земјата од оваа вистинска катастрофа во која потонува“, рече Бериша.

    Тој обвини дека „нема нација во светот што е повеќе ограбена од албанската“, наведувајќи ја штетата од последните поплави и тврдејќи дека владините политики довеле до дополнителна дестабилизација. Како пример, посочи дека „во период од седум години се потрошени 400 милиони евра за согорување на отпад во Тирана, Фиер и Елбасан“, а ниту една од постројките, според него, денес не функционира.

    Бериша најави нови протести и порача дека опозицијата ќе остане пред Владата „сè до заминувањето на крадците од владата“, споредувајќи го премиерот Еди Рама со венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кого го обвини дека „ги украл изборите“.

    „Не го одбравме ова место залудно. Секој од вас треба да знае, потребни се жртви. Ќе се собереме тука, ова е наш плоштад, ова е плоштад на слободата. Ќе ја ослободиме и таа зграда. Дојдовме тука да застанеме против непријателот. Дојдовме тука никогаш да не го напуштиме овој плоштад без победа“, порача тој.

    Бериша исто така информираше дека пристигнал од Бразил, каде учествувал на Конгресот на CDI и бил избран за потпретседател на организацијата, што го нарече „чест за демократите и нивната жртва“.

    Протестот, втор од најавената серија, заврши мирно и со релативно слаба присутност.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.