Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски за Тетово: Касами е прагматичен и ќе најде најдобро решение за улиците

    10.07.2026 во 13:17

    Ако ве фатат со алкохол или дрога во студентски дом – забрана од пет години за сместување

    10.07.2026 во 13:12

    Битола на нозе: Над 1.400 бомби и гранати од Прва светска војна пронајдени на „Тумбе кафе“

    10.07.2026 во 13:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски за Тетово: Касами е прагматичен и ќе најде најдобро решение за улиците
    • Ако ве фатат со алкохол или дрога во студентски дом – забрана од пет години за сместување
    • Битола на нозе: Над 1.400 бомби и гранати од Прва светска војна пронајдени на „Тумбе кафе“
    • Драма на македонското небо: Мотор се откачил на авион на „Рајанер“, повреден Србин
    • Кузеска: Изборниот законик – уште една лага и манипулација на Мицкоски
    • МВР дел од меѓународна акција на Интерпол: Приведени речиси 6.000 луѓе, запленети скоро 300 милиони долари
    • Голомеов: Современото рударство е безбедно, економските придобивки воопшто не се за занемарување
    • Манасиевски: Поради ниските рејтинзи СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ бара одговорност за пропустите на концертот на Аца Лукас: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи настанот

    СДСМ бара одговорност за пропустите на концертот на Аца Лукас: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи настанот

    23.11.2025 во 14:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скандалот со приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас и одговорите на градоначалникот Митко Јанчев потврдуваат дека на концертот имало преку 700 луѓе во локал кој по закон не смеело да има ниту 200. Ова значи дека и полицијата на Тошковски и општината на Јанчев знаеле за концертот, знаеле дека нема безбедносни услови тој да се одржи и ништо не презеле, дозволиле истиот да се случи, а дури во текот на настанот да биде прекинат, се вели во соопштението од СДСМ. 

    „МВР, Тошковски и Јанчев мора да ги одоговорат: 

    Зошто воопшто е дозволено настанот да започне и да влезат 700 луѓе кои со тоа се ставени во ризик од нова трагедија?

    Зошто и покрај тоа што јасно ги прекршиле безбедносните протоколи организаторите и сопственикот на локалот не се повикани на одговорност?

    Дали дискотеката ги запазила сите прописи, дали е регистрирана како ноќен клуб и кабаре, дали вака не е потенцијал за ново Кочани?

    Дали ништо не научија МВР и Тошковски повторно дозволува да се случуваат ризични настани по безбедноста на граѓаните како оној во Кочани? 

    Дали МВР намерно дозволиле повеќе часови да се одржи настанот па дури потоа го прекинале?

    Според информациите полицијата го прекинала настанот дури после полноќ односно во 00:10 часот откако тој со часови бил преполн од гости. 

    СДСМ бара итно да се отвори истрага и да се санкционираат сите кои дозволиле да се случи настанот, од МВР кои ништо не презеле па се до организацијата.

    Тошковски  мора итно да излезе и да одговори и да понесе одговорност“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Кузеска: Изборниот законик – уште една лага и манипулација на Мицкоски

    10.07.2026 во 12:23

    Манасиевски: Поради ниските рејтинзи СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик

    10.07.2026 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.