Close Menu
    Најново

    Планот на Железници: Две пруги Север-Југ за брзина до 200 км/ч, инвестиција од 1,9 милијарди евра

    23.11.2025 во 12:56

    Митева: Владата додели 33.682 ваучери за електронски уреди, мерката за студенти се реализира одлично

    23.11.2025 во 12:51

    Кузеска: Барањето нов протокол со Бугарија е „измислен изговор“ за кочење на европскиот пат

    23.11.2025 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Планот на Железници: Две пруги Север-Југ за брзина до 200 км/ч, инвестиција од 1,9 милијарди евра
    • Митева: Владата додели 33.682 ваучери за електронски уреди, мерката за студенти се реализира одлично
    • Кузеска: Барањето нов протокол со Бугарија е „измислен изговор“ за кочење на европскиот пат
    • Манасиевски: Кацарска по насока на СДС бара укинување на 7.000 денари за пензионерите
    • Татко и малолетниот син нападнати во угостителски објект во Кичево
    • Украдена пушка и куршуми пронајдени во викендица на млад скопјанец
    • Охрид: Среде ноќ со секира го удирала невенчаниот сопруг
    • (ФОТО+ВИДЕО) Кузеска: Срамно, ИПАРД блокиранa а Трипуновски праќа празни страници наместо одговори
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Планот на Железници: Две пруги Север-Југ за брзина до 200 км/ч, инвестиција од 1,9 милијарди евра

    Планот на Железници: Две пруги Север-Југ за брзина до 200 км/ч, инвестиција од 1,9 милијарди евра

    23.11.2025 во 12:56
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Планот е да има две пруги на релација Север-Југ. Сегашната пруга ќе се користи и ќе се исправат кривини на места каде е возможно за да се забрза сообраќајот, а втората ќе се гради колку што е можно поблизу до сегашната за што веќе се работи на испитување, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

    “ Нашиот план има две компоненти. Првата е да ја задржиме постоечката пруга но мораме да ја исправиме каде што има големи кривини. Големи брзини од преку 120 км  и преку 160 км на час не може да се постигнат без исправање на кривините.  Во моментов се вршат испитувања и тие студии ќе покажат колку од оваа траса ќе ја задржиме, каде ќе има простор кривините да се исправат. Втората компонета е колку што може поблиску до сегашната траса да биде изградена и втората линија. Затоа овие околу 200 км пруга би биле двоколосечен сообраќај, но нема да бидат како автопатите,  на пример еден да оди во правец на Србија, друг во правец на Грција. Во управувањето на железничкиот собраќај има друг тип на управување на возовите, но крајната наша цел е да има двоколосечна пруга за патнички сообраќај до 200 км на час и товарен до 120 км на час и секако ќе биде целосно електрифицирана. Токму во овој момент се прават физибилити студиите каде најдобро е да биде трасата на новата пруга, со тие исправување на старата пруга и паралелна до старата”- вели Ивановски.   

    Тој во интервјуто истакнува дека вредноста на изградбата би се движела околу 1,9 милијарди евра заедно со електрификација и сигнализација, а би се изградила за околу пет години.

    Популарно

    Понеделник е неработен ден

    23.11.2025 во 10:18

    Дојран: Ја удирал со боксови и шлаканици, па ја силувал – на осомничениот му се заканува затвор

    23.11.2025 во 10:54

    Грозоморно злосторство го потресе регионот: Маж избоден додека вадел пари од банкомат – парите не му се украдени

    23.11.2025 во 11:33

    Денеска подгответе се за ново невреме, од утре снег и пад на температурите

    23.11.2025 во 10:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.