Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зеленски разговарал со Руте за „достапните дипломатски опции“ за завршување на војната во Украина

    Зеленски разговарал со Руте за „достапните дипломатски опции“ за завршување на војната во Украина

    21.11.2025 во 21:201 Min Read
    ФОТО: Facebook/Володимир Зеленський
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Украина е подготвена брзо и конструктивно да работи на успехот на американскиот мировен план, потврди претседателот Володимир Зеленски по денешниот телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

    Двајцата соговорници ги разгледале „достапните дипломатски опции“ за ставање крај на војната со Русија, во контекст на планот од 28 точки што делегација на високи американски претставници му го презентираше на Зеленски во средата во Киев.

    „Разговаравме за достапните дипломатски опции и планот презентиран од американската страна. Сега сме подготвени да работиме брзо и конструктивно за да го обезбедиме неговиот успех. Ги координираме нашите понатамошни заеднички активности“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „Х“.

    Овие консултации доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти четврток е добар рок Украина да го прифати мировниот предлог поддржан од САД.

    Зеленски претходно, по разговорот со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, истакна дека Киев го почитува ставот на Вашингтон.

    „Украина отсекогаш ја почитувала и продолжува да ја почитува желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да го прекине крвопролевањето и ние позитивно гледаме на секој реалистичен предлог“, рече украинскиот лидер.

    Прочитај повеќе

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.