Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов во посета на Општина Маврово и Ростуше
    • ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, а три под контрола
    • Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија
    • Утре без струја дел од Скопје
    • Македонија меѓу земјите кои не се членки на ЕУ, а се приклучија на санкциите против Белорусија
    • „Нова територија на САД“ – Вака Трамп ја нарече Ормуската Теснина
    • Ѓорѓиевски: Заедно кога е најпотребно – исплатена финансиска поддршка за онколошките пациенти
    • Лице кое имало здравствени проблеми со нож ја нападна својата мајка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВИДЕО: Во Ресенско поплавени над 50 куќи, магацини и земјоделско земјиште

    ВИДЕО: Во Ресенско поплавени над 50 куќи, магацини и земјоделско земјиште

    21.11.2025 во 21:041 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште се поплавени на подрачјето на Општина Ресен, откако обилните врнежи предизвикаа излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени.

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека состојбата е сериозна и кај селото Долна Бела Црква, каде се излеала Голема Река, чиј водостој во моментов изнесува 210 сантиметри.

    На терен се ангажирани сите расположливи ресурси за санација на штетите.

    „Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции. Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти“, велат од ЦУК.

    Од таму додаваат дека состојбата будно се следи во сите засегнати региони, вклучувајќи ги Битола, Демир Хисар, Охрид и Крива Паланка, а дежурните екипи ќе останат на терен и во текот на ноќта.

    Прочитај повеќе

    Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов во посета на Општина Маврово и Ростуше

    18.08.2026 во 19:03

    ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, а три под контрола

    18.08.2026 во 18:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.