Close Menu
Press24
    Најново

    Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните

    07.07.2026 во 21:39

    Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане

    07.07.2026 во 14:19

    Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром

    07.07.2026 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром
    • Камбовски: Правилникот за надосместоците на судиите-поротници е стар повеке од 15 години
    • Стојаноски: Ќе прифатиме се што ќе договорат опозициските партии, ако биде прифатен нашиот став – дијаспората да може да гласа
    • Економија: Дел од поскапувањето не се должи на реални трошоци, туку на напумпување цени
    • По подолго време пад на трошоците на живот
    • ВМРО-ДПМНЕ се прости со Јовица Илиевски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Вложуваме двојно повеќе во здравството

    Мицкоски: Вложуваме двојно повеќе во здравството

    20.11.2025 во 12:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (поранешна Градска болница) по повод набавката на нова апаратура, вклучувајќи и магнетна резонанца, и најави сериозни реформи во здравствениот систем.

    Мицкоски нагласи дека во здравството се вложува повеќе од една милијарда евра, што е двојно повеќе од периодот на ковид-кризата (околу 500-550 милиони евра).

    „90 милиони денари сепак не е малку, не е ни многу, но не е ни малку, имајќи предвид дека речиси ништо не е правено, не со години, со децении, само приказни се кажувани,“ рече Мицкоски.

    Премиерот најави дека претстојат сериозни структурни и квалитативни реформи со цел за неколку години да има „комплетна нова претстава во здравството“. Тој истакна дека и покрај огромните вложувања, сè уште постојат проблеми и девијантни појави.

    Мицкоски ги повика граѓаните да се охрабрат и да достават докази за „здравствените мешетари“ кои го рушат имиџот на Клиниката, нагласувајќи дека Владата има алатки за да ги санкционира.

    Во однос на реконструкцијата на Клиниката, премиерот посочи дека е поддржувач на планот на директорот, но дека се соочуваат со проблеми бидејќи зградата е споменик на културата, што бара посебни правни документи за интервенција.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Ќе прифатиме се што ќе договорат опозициските партии, ако биде прифатен нашиот став – дијаспората да може да гласа

    07.07.2026 во 13:21

    Дојчиновски: Власта за младите пари нема, ама за криминални тендери има

    07.07.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.