Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владини веб-страници исклучени поради критични безбедносни пропусти: Итна реакција низ Европа
    • Младинските политики остануваат само на хартија: Општините не го почитуваат законот
    • Скопје: Се судрија автобус и автомобил
    • Ангелов: Регионалната соработка и подготвеноста се клучни за ефикасен одговор при катастрофи
    • 32-годишна жена натепана од вонбрачниот сопруг и золвата 
    • Планирале да нападнат за денот на изборите: 5 лица паднаа в рацете на полицијата во Белград
    • Започнува зимското сметање на времето: Во сабота кон недела ги поместуваме стрелките еден час назад
    • Судење за „Пулс“: Вештакот тврди дека немало реконструкција, Обвинителството ја оспорува стручноста
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сведочење за „Онкологија 2“: Доктор Васев ѝ дал лек на пациентка надвор од процедура – „Еден ќе ти го дадам, ама нема да се запише во регистарот“

    Сведочење за „Онкологија 2“: Доктор Васев ѝ дал лек на пациентка надвор од процедура – „Еден ќе ти го дадам, ама нема да се запише во регистарот“

    20.11.2025 во 11:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“, што започна од почеток поради промена на поротник, сведочеше пациентка која примала хемотерапија и имунотерапија. Таа опиша како добила доза лек надвор од стандардната евиденција.

    Според нејзиниот исказ, деветтиот пат кога дошла на Клиниката, поранешниот медицински директор, д-р Нино Васев (првообвинет во овој случај), ѝ соопштил дека лекот е во недостиг.

    „…Др-Нино ми објасни дека во моментов се дефицитарни со лекот, имаат сочувано уште три шишенца и дека поради тоа што сум помлада, поголема ефективност има лекот кај мене, ’еден ќе ти го дадам’, меѓутоа нема да се запише во регистарот дека сум го примила лекот“, сведочеше пациентката.

    Сведокот нагласи дека лекот ѝ бил аплициран неформално, без потребниот дневeн упат и потписи, што ѝ оставило дилема зошто не била запишана терапијата. Таа сама се пријавила како сведок поради граѓанска одговорност.

    Одбраната на обвинетиот Васев, кој со економскиот директор Нехад Нухи се товари за проневера од 36 милиони евра, побара од Обвинителството да се ограничи на наводниот финансиски криминал, а не на начинот на лекување.

    Прочитај повеќе

    Младинските политики остануваат само на хартија: Општините не го почитуваат законот

    21.10.2026 во 18:31

    Скопје: Се судрија автобус и автомобил

    21.10.2026 во 18:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.