Close Menu
Press24
    Најново

    Ирански ракети и дронови ги нападнаа американските бази во Јордан, Кувајт и Бахреин – Техеран се закани со уште пожесток удар

    10.06.2026 во 11:23

    Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот

    10.06.2026 во 11:13

    Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион

    10.06.2026 во 11:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ирански ракети и дронови ги нападнаа американските бази во Јордан, Кувајт и Бахреин – Техеран се закани со уште пожесток удар
    • Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот
    • Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион
    • Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој
    • Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа
    • Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра
    • ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената
    • Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Дебакл со студентските ваучери, „неспособната ДПМНЕ“ создаде хаос и измама

    СДСМ: Дебакл со студентските ваучери, „неспособната ДПМНЕ“ создаде хаос и измама

    20.11.2025 во 10:591 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Се случи дебакл на една неспособна власт која не знае да организира ниту наједноставна мерка, ваучери за електонски уреди за студентите од првиот циклус на студии, велат од СДСМ.

    „Прво им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија. Ги повикаа младите да аплицираат, им праќале потврди, дури им дозволиле и да подигнат уреди, за потоа да им стигне е мејл дека ваучерот не важи. Последните информации објавени во медиумите се дека постдипломци добиле ваучери, иако не им следуваат.

    Прашање е дали се направени и намерни злоупотреби?

    Срушени системи уште во првата минута, хаотично водена постапка, врати отворени па затворени, потврди испратени па поништени, добиени ваучери без исполнети критериуми, се ова со заеднички именител неспобна ДПМНЕ.

    Власта создаде ситуација во која за младите е непознато што ќе се случи со студентите кои веќе земале уред со одобрениот ваучер. 

    Кој сега ќе преземе одговорност за овој хаос и оваа измама?

    Никој не виде бенефит од оваа власт. Не може младите во Македонија да бидат „колатерална штета“ на неспособноста на ДПМНЕ. Младите заслужуваат држава која функционира, не држава која се распаѓа на една мерка со една интернет страница“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион

    10.06.2026 во 11:10

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.