Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Започнува зимското сметање на времето: Во сабота кон недела ги поместуваме стрелките еден час назад
    • Судење за „Пулс“: Вештакот тврди дека немало реконструкција, Обвинителството ја оспорува стручноста
    • 30-годишник од Скопје пренесен во болница, бил претепан со тврд предмет
    • Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство
    • „Сопругот и золвата ме натепаа“: 32-годишна скопјанка се јавила во полиција
    • Средба на Хоџа со претставници на МАТТО: Зелените инвестиции се основа за одржлив развој
    • „Розовиот октомври“ одбележан во Чаир: Меџити порача дека раното откривање рак на дојка спасува животи
    • Драма на лет за Дизелдорф: Патници се разболеа во авион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВИДЕО: Кафеава мечка со нејзините две малечки шеткаат по Шара

    ВИДЕО: Кафеава мечка со нејзините две малечки шеткаат по Шара

    19.11.2025 во 18:181 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од Националниот парк Шар Планина објавија видео на кое се гледа како кафеава мечка со нејзините деца се шета на планината.

    Кафеавата мечка е еден од највпечатливите и најзначајни видови на Шар Планина. Овој сештојад вид се храни со растенија, плодови, инсекти, како и со мали и поголеми животни. Како строго заштитен вид, мечката има суштинска улога во одржувањето на природната рамнотежа во нашиот национален парк и пошироко на Балканот.

    Во видеото што го споделуваме, планинари на високопланинските пасишта среќаваат мечка со две мечиња, родени во јануари–февруари 2025 година. Малечките во следните две години ќе учат од својата мајка како да преживуваат и се приспособуваат во дивината. Во видеото тие се љубопитни, но се оддалечуваат од луѓето, избегнуваат средба – типично однесување за мечки, стои во објавата на ФБ.

    ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

    Видеото што го споделуваме е прекрасен потсетник дека кафеавата мечка е вреден, редок и строго заштитен вид на Шар Планина. Да ја почитуваме, да и оставиме простор и да придонесеме сите за безбедноста и на природата и на луѓето, стои во објавата на ФБ.

    Прочитај повеќе

    Започнува зимското сметање на времето: Во сабота кон недела ги поместуваме стрелките еден час назад

    21.10.2026 во 17:19

    Судење за „Пулс“: Вештакот тврди дека немало реконструкција, Обвинителството ја оспорува стручноста

    21.10.2026 во 17:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.