Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Првиот заменик на претседателот на Владата оствари средба со инвеститори од Турција
    • Хоџа пред бизнис заедницата во Виена: Отворени сме за зелени инвестиции за да обезбедиме одржлива иднина
    • Енергетиката како стратешка алатка – Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч
    • Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните
    • Николоски: Австрија е наш силен поддржувач, соработката продолжува во насока на економскиот напредок
    • Министерот Хоџа во Виена ги презентираше еколошките приоритети пред австриската влада
    • Орце Ѓорѓиевски: Нека е аирлија булевар Борис Трајковски
    • Мицкоски од Виена: Отворен и конструктивен дијалог за унапредување на соработката, посебно во економијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обвинителот за „Пулс“: Сопственикот на дискотеката го вовлекол дури и сопственото дете во смртоносната стапица

    Обвинителот за „Пулс“: Сопственикот на дискотеката го вовлекол дури и сопственото дете во смртоносната стапица

    19.11.2025 во 15:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кочанскиот обвинител Борче Јанев денеска го одржа воведниот говор на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде што загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени.

    Јанев категорично истакна дека катастрофата не е последица на еден човек или само на активирање пиротехника, туку на низа системски пропусти кои дозволиле објектот да работи без соодветни излези и контроли.

    „’Пулс’ од секогаш била смртоносна стапица, буре барут. Никој не ја согледал опасноста која демнела со години“, нагласи обвинителот.

    Јанев посочи дека одговорноста се протега низ долг временски период, од 2012 година до денот на трагедијата, и опфаќа голем број обвинети.

    Тој најави дека јавноста ќе биде шокирана од дејствијата на сопственикот на дискотеката, кој ги занемарил сите опасности и го вовлекол дури и сопственото дете во смртоносната стапица.

    „Снимките што нè потресоа се само одложено зло. Изгоре не само објектот, туку и довербата дека оној кој требало да заштити, навистина го направил тоа,“ заклучи Јанев.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.