Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
    • Мадона го прослави 68. роденден на Крф
    • На полноќ посакајте си желба и погледнете кон небото: Божјите врати се отвораат за да ви ја исполнат
    • Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца
    • Приведен тинејџер, возел четирицикл без возачка дозвола
    • Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја
    • Клековски: Утре детални резултати од контролата на прскањето против комарци
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, кои не однесоа ниту едно шише вода во Гостивар, заедно со Лимани се дел од локалната власт и имаат заедничка одговорност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обилни врнежи и опаѓање на температурите – детална прогноза по региони

    Обилни врнежи и опаѓање на температурите – детална прогноза по региони

    18.11.2025 во 18:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмногу дожд до 16:30 часот денеска наврна на Попова Шапка, а најмалку во Штип, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за последните девет часа.

    Според УХМР, на Попова Шапка биле измерени 35 литри дожд на квадратен метар, во Лазарополе и Пожаране 29 литри, во Тетово 25, во Маврови Анови 19, а на Скопје – Зајчев Рид 17 литри. Во Крушево и Тополчани наврнале по 10 литри, во Претор 7, во Охрид 6, а по 5 литри се измерени во Крива Паланка, Ѓуриште, Битола, Велес и Пожар. Прилеп добил 3 литри, Струмица и Берово по 2, а во Штип само еден литар.

    Максималната температура изнесувала 11 степени во Крушево и Маврови Анови, 12 во Тетово и Лазарополе, 13 во Скопје – Зајчев Рид и Претор, 15 во Струмица и Крива Паланка, а 16 степени се измерени во Скопје – Петровец, Берово, Прилеп, Охрид, Демир Капија и Велес. Во Гевгелија и Штип температурата достигнала 17 степени, во Кавадарци и Битола 18, а највисока била во Виница – 19 степени.

    Од УХМР информираат дека низ државата дува умерен, а понекаде и засилен јужен ветер. Во Штип, брзината на ветерот достигнувала и до 60 километри на час.

    Прогноза

    Според синоптичарите, повремени врнежи ќе има и во текот на ноќта, а на одделни места се очекуваат пообилни количества – над 40 литри на квадратен метар за 24 часа. Ветерот и понатаму ќе биде умерен до засилен од јужен правец.

    Утре се најавува претежно облачно време со локални врнежи, особено претпладне во југозападните и јужните региони, каде што се очекуваат над 25 литри на квадратен метар за 24 часа. Минималната температура ќе биде од 7 до 11, а максималната од 12 до 17 степени.

    Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени слаби врнежи. Ќе дува умерен југоисточен ветер, минималната температура ќе изнесува околу 9 степени, а максималната до 14.

    Во следните денови, под влијание на циклонска активност, ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи. Утре попладне и во четврток се очекуваат послаби врнежи, а од петок и за време на викендот повторно пообилни – над 30 литри на квадратен метар, локално проследени со невреме, засилен ветер и можни грмежи.

    Од недела се очекува значителен пад на утринските и дневните температури.

    Прочитај повеќе

    НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје

    18.08.2026 во 23:49

    Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца

    18.08.2026 во 22:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.