Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството
    • (ФОТО) Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип
    • „Брат ми ми се заканува со нож“ – Семејна драма во Велес
    • Тешка сообраќајка на скопската обиколница: Се судирија автобус и „мерцедес“ – има повредени
    • Падна полицаец од Тетово: Наместо казни од 300 евра за брзо возење, издал предупредување и казна од 45 евра
    • ФОТО: Се пребарува реката Вардар по пријава за исчезнато лице
    • Спречен шверц на Богородица: Возач на автобус се обидел да прокриумчари лекови за малигни заболувања во кутија за прва помош
    • Хасан: Во Општина Центар има околу 3.000 нерешени пријави од граѓани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба Стаменкоска-Трајкоска со Трајков: Заеднички приоритети за меѓународни и ЕУ проекти 

    Средба Стаменкоска-Трајкоска со Трајков: Заеднички приоритети за меѓународни и ЕУ проекти 

    18.11.2025 во 12:373 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска оствари работна средба со проф. д-р Викторија Трајков, заменик министерката во Министерството за европски прашања на Република Македонија.

    Средбата беше посветена на можностите за реализација на нови проекти финансирани од странски фондови, со акцент на инструментите на Европската Унија кои би донеле директни и одржливи бенефити за жителите на Општина Кисела Вода.Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ја запозна заменик министерката Трајков со активните проекти и стратешките насоки на Општина Кисела Вода во областа на меѓународната соработка, при што особено го истакна фактот дека Кисела Вода е првата општина во Македонија членка на Форумот на јадранско-јонските градови – ФАИЦ. Нагласи дека членството во ова престижно европско тело отвора можности за поголема регионална поврзаност, учество во меѓународни настани, размена на добри практики и вклучување во проекти кои се во целосна усогласеност со Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-Јонскиот регион- EUSAIR. Во разговорот беше споменато и дека значењето на ова членство станува уште поголемо во периодот од 1 јуни 2025 година, кога Македонија го презеде Претседателството со EUSAIR, што и’ овозможува на Општина Кисела Вода да даде уште поголем придонес во макро-регионалниот развој на Јадранско–Јонскиот регион, следејќи ги принципите на ФАИЦ за еднаков и одржлив развој за сите заедници.

    Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ја презентираше и досегашната успешна реализација на повеќе меѓународни и европски проекти, меѓу кои:-проектот AMPLE Skopje на програмата EIT Food за економско јакнење на жените преку иновации во агро-прехранбениот сектор;- единственото европско поврзување меѓу ФАИЦ и проектот EIT Food на Програмата на Европската комисија;- членството во OGP Local. Имено, Општина Кисела Вода е првата општина во Македонија која стана членка на OGP Local-Партнерство за отворена локална власт (ПОВ), како глобална иницијатива која поставува нови стандарди за транспарентност, отчетност и активно учество на граѓаните во процесите на одлучување. Како дел од ПОВ, креиран e првиот акциски план на општина Кисела Вода, со две заложби кои се темелат на главните принципи на ПОВ: промовирање на дигитализацијата во работењето на општината и транспарентност и отворена локална власт.

    – Horizon проектот CLIMAS за климатска неутралност,-имплементацијата на апликацијата City and Me,Информираше и за проектите за поставување фотонапонски системи во сите основни училишта, прочистувачи на воздух во училиштата и во поголемите паркови, проектот за паметно јавно осветлување, изградбата на новата енергетски ефикасна училишна зграда во Драчево која е во тек, како и обезбедувањето бесплатен WiFi во парк „Шопен“.

    Во рамки на разговорот, беше отворена и темата за креирање системски пристап кон искористување на европските фондови, преку заеднички активности, зголемена координација и поддршка на локалните самоуправи во подготовката на стратешки и развојни проекти.- Како општина која се стреми кон имплементација на европски стандарди, активно работиме на креирање на проекти што носат подобар квалитет на живот за нашите граѓани. Денешната средба со заменик министерката Трајков покажува дека кога локалната и централната власт комуницираат отворено и конструктивно, се отвораат нови перспективи.

    Сметам дека со јасна визија, партнерства и посветена администрација, европските фондови носат конкретни и видливи резултати. Убедена сум дека заедно ќе создадеме уште многу успешни, европски проекти-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

    Прочитај повеќе

    Сабајле ќе снема струја во 9 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски општини

    21.10.2026 во 13:30

    Нема листи на чекање во градинките во Центар – проблем останува недостигот од кадар

    21.10.2026 во 10:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.