Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Палестинци платиле 2.000 долари за да избегаат од Газа – Јужна Африка отвора истрага

    Палестинци платиле 2.000 долари за да избегаат од Газа – Јужна Африка отвора истрага

    17.11.2025 во 22:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Жители на Појасот Газа кои неодамна биле префрлени во Јужна Африка тврдат дека морале да платат по 2.000 долари за да ги извлечат своите семејства од разурнатата палестинска територија.

    Двајца Палестинци за британските медиуми потврдиле дека биле дел од групата од 130 лица, на кои минатата недела им бил дозволен влез во Јужна Африка. Тие биле евакуирани со автобуси од Газа, а потоа пристигнале во Јоханесбург со авион по меѓуслетување во Најроби.

    Според нивните сведоштва, одговориле на онлајн оглас на организацијата Ал-Маџд Европа, во кој се нудела можност за напуштање на Газа – оглас кој, како што велат, бил наменет исклучиво за семејства.

    Реакција од Јужна Африка

    Министерот за надворешни работи на Јужна Африка, Роналд Ламола, изјави дека властите испитуваат „сомнителни околности околу пристигнувањето на авионот што ги превезува Палестинците во Јоханесбург“.

    „Се чини дека станува збор за поширок план за протерување на Палестинците од Палестина“, рече Ламола на прес-конференција.
    Јужна Африка долго време ги поддржува палестинските државни аспирации и го обвинува Израел за геноцид во Газа.

    Одговор од Израел

    Израел ги отфрли обвинувањата за геноцид како политички мотивирани, истакнувајќи дека воените операции се насочени против Хамас, а не против цивилите.

    Портпаролот на израелската влада, одговарајќи на коментарите на Ламола, порача дека премиерот Бенјамин Нетанјаху јасно ставил до знаење оти Палестинците треба да можат да го напуштат Појасот Газа ако сакаат – но и дека треба да им биде дозволено да се вратат ако тоа го побараат.

    Извештаи за плаќање и сомнежи околу организациите

    „Ал Џезира“ пренесе дека многу Палестинци навистина плаќаат 2.000 долари за да ја напуштат Газа, често без да знаат каде ќе бидат однесени. Според медиумот, луѓето се принудени да заминат поради „неподносливата ситуација“ – две години континуирано бомбардирање, уништени домови и загуба на сè што поседуваат.

    Организацијата Ал-Маџд Европа, која ја нуди оваа можност, оставила „многу отворени прашања“, пишува Ал Џезира. Медиумот додава дека постои координација со израелските власти за транспортот на Палестинците, кои прво се пренесуваат со автобуси преку таканаречената „жолта линија“, а потоа се упатуваат кон меѓународен аеродром.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52

    Трамп нареди: Три медиумски куќи не смеат да и пристапат на Белата куќа

    19.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.