Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23

    Ведрана Рудан живеела во куќа стара 400 години

    18.08.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Исплатена е финансиската помош за сите онколошки пациенти кои ги исполниле условите
    • Приведен малолетник во Аеродром: Полицијата му пронашла марихуана
    • Ристовски на централната свеченост во Охрид: Армијата е еден од столбовите на нашата државност
    • Гаши: Инвестирањето во Армијата е инвестиција во мирот
    • Филипче: Горди сме на македонската Армија
    • Ужас во Кисела Вода: Маж ја претепал бремената сопруга
    • ЦУК со најнови податоци: Активни се пет пожари на отворено, зафатена е и куќа во Старо Нагоричане
    • Масовна пресметка со камења во Батинци: Приведени осум лица и двајца малолетници, оштетено и полициско возило
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк

    Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк

    17.11.2025 во 16:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За жал, неколку факултети не ги пријавија сите редовни студенти и за тој пропуст враќање назад нема. Но, за следниот месец тие ќе си ги добијат средствата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакции од студенти дека поради неажурност на некои факултети не можеле да аплицираат за субвенциониран студентски оброк и да ги добијат парите.

    Одговарајќи на новинарски прашања, министерката рече дека МОН ги контактирало факултетите и побарало ажурирање на списоците.

    – За разлика од претходниот месец, овој месец имаме многу поголем број студенти коишто ќе си добијат студентски оброк, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред свеченоста по повод 70 години од основањето на Бирото за развој на образованието.

    Во однос на пропустите откриени од Агенцијата за храна и ветеринарство кај поголем број сендвичарници во близина на училишта и како може да влијае МОН, Јаневска одговори дека Министерството нема ингеренции на тоа „ниту кој што отвора, ниту каде отвора“.

    – За тоа водат сметка други институции. Но, она што ние како МОН го правиме и што ќе го правиме во иднина е воведување програми за здрав живот, здрава исхрана и борба против обезност, дијабетес итн. Во Природни науки имаме внесено теми за здрава исхрана, а имаме и слободни активности, изборни предмети, проекти со партнерски организции во кои се потенцира здравиот начин на живот, борбата против злоупотреба на алкохол, тутун, дрога, против агресијата во училиштата итн. Имаме многу такви програми и интензивно ќе продолжиме да работиме на тоа, додаде Јаневска. 

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Исплатена е финансиската помош за сите онколошки пациенти кои ги исполниле условите

    18.08.2026 во 16:13

    Приведен малолетник во Аеродром: Полицијата му пронашла марихуана

    18.08.2026 во 16:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.