Close Menu
    Најново

    Пиевте чаша вино или пиво – еве колку долго треба да чекате за да седнете зад воланот

    17.11.2025 во 16:23

    Кражба на пат во Германија: Застанал да помогне па останал и без автомобил и без жена

    17.11.2025 во 16:18

    Ја навредувал сопругата и ја влечел за коса, па ја плукал и ја шутирал по телото – Брутално насилство на улица во Белград

    17.11.2025 во 16:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Пиевте чаша вино или пиво – еве колку долго треба да чекате за да седнете зад воланот
    • Кражба на пат во Германија: Застанал да помогне па останал и без автомобил и без жена
    • Ја навредувал сопругата и ја влечел за коса, па ја плукал и ја шутирал по телото – Брутално насилство на улица во Белград
    • Средба Николоски-Грубер: Австрија е еден од најголемите инвеститори во Македонија
    • Сиљановска-Давкова: Да им се посветиме на реформите
    • Тошковски: Успешно ме оперираа – да се опоравам и се враќам на работа
    • (ВИДЕО) Шок во Хрватска: Експлозив одекна пред училиште, родителите и мештаните вознемирени
    • Авганистанци воделе импровизирани кампови на македонско-српската граница: Голема акција на ОЈО за ОКК и МВР
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Алиу: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа

    Алиу: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа

    15.11.2025 во 10:54
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички заложби со раководството во континуитет работиме на унапредување на условите за оваа специфична категорија пациенти“, порача министерот за здравство Азир Алиу на отворањето на првата меѓународна конференција за геријатриска и палијативна медицина со меѓународно учество, која се вчера се одржа во Скопје.

    Министерот Алиу потсети дека во изминативе неколку месеци оваа установа е зајакната со стручен кадар, односно дека се вработени вкупно 48 лица, од кои 23 негуватели, 22 хигиеничари, двајца возачи и еден лаборант.

    „Во моментов, еден доктор е упатен на специјализација по интерна медицина и двајца доктори специјалисти на супспецијализација по геријатриска медицина. За следната година се планирани уште две супспецијализации по геријатриска медицина“, рече министерот Азир Алиу.

    Тој истакна дека за оваа специјализирана болница е обезбедена нова медицинска и немедицинска опрема, како што се eлектрохируршка единица на радиобранови, крио-спреј, парен автоклав – воден стерилизатор, болнички наткасни со масички за хранење и справи за физикална терапија.

    „Како министер за здравство сакам да креирам политики базирани на податоци и на потреби. Како што популацијата и демографијата се менуваат, така со менувањето на граѓанинот треба да се менува и инфраструктурата на здравството. Така што ќе креирам и понатаму политики кои се потребни за оваа популација и развој на инфраструктура која е потребна“, рече министерот Азир Алиу.

    Популарно

    „Бентли“ ти дава крилја: Дозволено 50км/ч – летал со 143 км/ч

    17.11.2025 во 11:57

    Тошковски: Успешно ме оперираа – да се опоравам и се враќам на работа

    17.11.2025 во 15:26

    (ВИДЕО) Потоп во Италија: Луѓе чекаат евакуирање на покривите, се урна и трикатна зграда

    17.11.2025 во 14:24

    Добри вести за пензионерите: Следи ново зголемување на пензиите

    17.11.2025 во 12:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.