Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Симпатизери и поранешни функционери ја напуштаат СДС

    ВМРО-ДПМНЕ: Симпатизери и поранешни функционери ја напуштаат СДС

    14.11.2025 во 09:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е  резултат на недовербата во актуелното раководство особено лидерот Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Незадоволството од изборниот резултат расте и кај членови, симпатизери и поранешни функционери на СДС кои се дистанцираат а некои од нив и ја напуштија партијата незадоволни од насоката во која се движи партијата.

    Венко Филипче ја губи довербата кај членството поради недостиг на визија, стратегија и кредибилитет.

    Филипче со соочува со сериозен пад на довербата и поради блискоста и силното влијание на Заев во партијата. Филипче работи исклучиво по насока на Заев, за тесно партиските интереси на мал круг на луѓе и лукративните цели на кланот Заеви.

    Филипче делува како продолжена рака на Заев и е следбеник и континуитет на погубните политики на Заев кои ја доведоа СДС до историски пораз.

    Неколку блиски соработници се дистанцираат од Филипче токму поради тоа што сметаат дека нема лидерски капацитет а одлуките ги носи под влијание на Заев. Особено се истакнува случајот со познат доктор и поранешен градоначалник кој одбил функција поради Филипче и неговата зависност од Заев.

    Евидентни се потребите од итни реформи во врвот на СДС за да се прекине влијанието на Заев и да се врати кредибилитетот на СДС.

    За здрав демократски систем потребно е СДС да се ослободи од менторството на Заев и штетните политики на Филипче за конечно да стане конструктивна и одговорна опозиција. На Македонија и е неопходна силна и консолидирана опозиција која ќе биде коректор на власта“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.