Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Среќа што Филипче и Заев 7 години ја водеа државата па ни ги донесоа Гугл и Фејсбук

    ВМРО-ДПМНЕ: Среќа што Филипче и Заев 7 години ја водеа државата па ни ги донесоа Гугл и Фејсбук

    13.11.2025 во 14:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Среќа е што Филипче и СДС изминатите 7 години ја водеа државата и како на економски план, така и на здравствен план, образовен план, инфраструктурен план и на сите останати полиња бележеа навистина големи успеси, велат од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение.

    Секако, да не ги заборавиме и ветените инвестиции од Фејсбук, Гугл и стазата на Ф1 со кои ние како држава навистина добивме големи економски приходи.

    Шегата на страна, срамно е Филипче кој не може партијата да си ја консолидира, секој ден нивни членови и поддржувачи бегаат и се дистанцираат од него и СДС како во времето на ковид кризата, сега да говори за некакви политики или пак штитење на криминал и корупција.

    На Филипче му посакуваме пред сè, ако навистина и мисли добро на партијата и државата, да си даде оставка и да одговара за се она што го има направено во минатото за што е и заштитен од пулените на неговиот ментор Заев во судството.

    Економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и Буџетот којшто го предвидуваме за 2026 година, апсолутно има предвидено средства за повисоки пензии, плати, социјално ранливи категории, капитални инвестиции и проекти. Намалување на јавниот долг, намалување и на буџетскиот дефицит за 0,5% споредбено со 2025 година. Растот на БДП е проектиран на 3,8%. Во време на СДС среќни бевме што не банкротиравме, поради кражбите на Филипче, Заев и ним блиските лица.

    Филипче следен пат кога ќе излезе на прес-конференција нека размисли два пати. Секое негово излегување во јавноста е срам за обичниот граѓанин. Затоа, граѓаните на последните избори го кажаа своето. СДС под итно да се реформира, а Филипче да стане историја на политичката сцена – велат од ВМРО-ДПМНЕ

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.