Вчера во 14:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Кондово кон с.Долно Свиларе, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(27) од с.Долно Свиларе.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач и неговиот 14-годишен сопатник од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле 15-годишник од с.Кондово, 17-годишник од Скопје, сопатници од возилото „фолксваген голф“, како и 27-годишната А.М. и двегодишно девојче од с.Долно Свиларе, сопатнички од возилото „фолксваген пасат“, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
- Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
- Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте
- Хали Бери на суд поради наводно злоставување, синот сведочеше речиси четири часа
- Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица
- НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
- Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
- Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1
- САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците

